Црна хроника
Казнети 134 возачи во Скопје, 28 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (6.9.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за возач почетник…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголеат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен скопјанец кој со нож и’ се заканувал на сопругата

Синоќа во скопско село, полицијата го приведе Д.С.(62), постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со остар предмет и се заканувал на својата 59-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Велешанка удрила во момче на пешчки премин и го напуштила местото

Полицијата изврши службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес, која вчера околу 7 часот наутро на обележан пешачки премин на улица Благој Ѓорев во Велес, со автомобил „киа“ удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото.
Пешакот се здобил со полесни повреди. Извршен бил увид, информираа од полицијата.
Црна хроника
Мотоциклист се судри со автомобил во Скопје, тешко повредени две лица

Несреќа се случи вчера на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје, кога автомобил управуван од И.Х.Ј.(30) се судри со мопед , управуван од Ј.Ј.(23) од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот сопатник Б.Ј.(23) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје“, извести МВР.
Извршен бил увид.