Македонија
„Улици и патишта“ продолжуваат со уредување и санирање на кејот на реката Вардар
Екипи на ЈП „Улици и патишта“ вршат санација на оштетените патеки на кејот, како и рачно и машинско чистење на косините на реката Вардар.
Од претпријатите наведуваат дека продолжуваат активностите за санирање на пешачките и велосипедски патеки на кејот, изминатиов период санирана е оштетената површина на пешачката патека на потегот од од мостот “Обединети нации” во долниот дел кон мостот кај хотел „Александар палас” на насипот на реката Вардар, каде што беа и санирани и оштетени заштитни столбчиња. Санирана е патеката кај МАНУ и велосипедската патека под мостот „8 Септември“, како и голем дел од површината на велопатеката која е во насока од мостот Влајко во долниот дел од кејот кон амфитеатарот.
![]()
„Рачното и машинско чистење на нискостеблестата и погуста вегетација од косините и коритото на реката се одвиваше на потегот од мостот ‘8 Септември’ кон Центар од двете страни, потоа екипите продолжија од мостот кај МАНУ и рачно ја исчистија обраснатата трева од косините од десната страна, а екипи со машинското чистење го поминаа потегот од хотел ‘Александар Палас’ до делот под булеварот Никола Карев.
![]()
Рачното чистење е со тримери и со нив се коси обраснатата трева, а со машинското се собираат гранките и се отстранува наталожена земја и погуста вегетација од коритото на реката.
![]()
Исчистени се и скалилата на овој потег со обрасната трева, а моментално екипи ги чистат скалилата пред игралиштата за одбојка на кејот на река Вардар. Денеска екипите продолжуваат со санација на велопатеката која е во насока од мостот Влајко во долниот дел од кејот кон амфитеатарот, а екипите кои се задолжени за машинското и рачно чистење во наредните денови продолжуваат со активностите за чистење на потегот од ПИОМ кон мост „Близнак“, појаснуваат од ЈП „Улици и патишта“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

