Спорт
400.000 евра во женскиот фудбал е сума за рекорден трансфер, а кај мажите неделна плата на фудбалер

Женскиот фудбалски клуб Манчестер Сити ја прифати понудата на Барселона за трансфер на фудбалерката Кира Волш. Каталонскиот клуб ќе плати сума од 400.000 евра, што е рекордна сума во женскиот фудбал.
Претходниот трансфер рекорд беше соборен во септември 2020 година, кога Перниле Хардер се пресели од Волфсбург во Челси за околу 345.000 евра.
Овие 400.000 евра, секако, во машкиот фудбал се само неделна плата за дел од најдобрите фудбалери во Премиерлигата.
Трансферниот рекорд во машкиот фудбал моментално го држи Бразилецот Нејмар. Тој во 2017 година од Барселона се пресели во ПСЖ за сума од 222 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мициќ би можел да го пропушти Евробаскетот
Вечерва во 20:45 часот, Србија ќе игра против Чешка на подготвителниот кошаркарски турнир Суперкуп во Минхен. Ден потоа, српската репрезентација ќе игра против победникот или поразениот од натпреварот помеѓу Германија и Турција.
„Германија го освои првенството тука во 1993 година. Јас живеам во Минхен, во близина на новата, прекрасна сала, можеби најдобрата во Европа. Минхен е, можам да кажам, мојот град. Сега сум повеќе во Србија од познати причини, но кога ми треба мир, тогаш доаѓам тука“, рече српскиот селектор Светислав Кари Пешиќ.
Поради повреди, Ален Смаилагиќ и Урош Трифуновиќ не отпатуваа во Германија, а најголемата мистерија за селекторот е состојбата на Василије Мициќ.
„Не е сјајно. Смаилагиќ и Трифуновиќ сè уште не се подготвени за тренинг. Се обидуваме со Васа да го вратиме, но не оди според планот, како што предвидовме. Васа се обидува, се обидува малку, но сè уште е чувствува болка. Ќе видиме, во следните неколку дена ќе мора полека да носиме одлуки, но главно останатите играчи се добро.
Продолжуваме да тренираме, да работиме. Секако, сме загрижени за овие повреди. Морам искрено да кажам, најмногу ме загрижува дали воопшто ќе можеме да сметаме на Мициќ. И тој се обидува, и ние се обидуваме да го вратиме, но тешко е.“
Мициќ е долгогодишен член на националниот тим. Својата кариера ја изгради во Европа, а најголемиот успех го постигна со Анадолу Ефес, со кого ја освои Евролигата во 2021 и 2022 година, заедно со наградите за најкорисен играч во сезоната и Фајнал Фор во 2021 година.
После тоа, се пресели во НБА. Откако настапи за Оклахома Сити Тандер, Шарлот Хорнетс и Феникс Санс, се врати во Европа, во израелскиот Хапоел.
Спорт
Ромуло за 20 милиони евра се пресели во Лајпциг

Бразилскиот фудбалер Ромуло потпиша петгодишен договор со Лајпциг.
Магазинот „Кикер“ објави дека Лајпциг ќе плати до 25 милиони евра за трансферот на 23-годишниот напаѓач, од кои 20 милиони се фиксни, а 5 милиони преку потенцијални бонуси.
Ромуло играше како позајмен играч за Гезтепе минатата сезона и постигна 17 гола во турското првенство и Купот. Својата кариера ја започна во Атлетико Паранаенсе.
Лајпциг го донесе како замена за Бенјамин Шешеко, кој овој месец се пресели во Манчестер јунајтед во трансфер што би можел да достигне 85 милиони евра.
Лајпциг ја започнува новата сезона со Куп натпревар против четвртолигашот Зандхаузен во сабота, пред да го започне Бундеслигата, во првото коло ќе Лајпциг ќе игра против шампионот Баерн Минхен на 22 август.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Матиќ блиску до трансфер во Ајакс

Немања Матиќ го напушти Олимпик Лион, откако согодбено се раздели со клубот.
Според холандските медиуми, Ајакс бара искусен играч од средниот ред, а поранешниот капитен на српската репрезентација е една од опциите.
Менаџерите на Ајакс не се загрижени од фактот дека Матиќ има 36 години, а она што ги прави среќни е што тој би можел да дојде како слободен играч.
Покрај Ајакс, интерес за Матиќ покажа и Валенсија.
Foto/ EPA