Спорт
Карлос Алкараз и Каспер Руд ќе играат во финалето на УС Опен

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и Норвежанецот Каспер Руд ќе играат во финалето на УС Опен. Моментно седмиот и третиот тенисер во светот ќе се сретнат во финалната пресметка, а победникот ќе ја добие титулата на УС Опен, огромни финансиски приходи од над два милиони долари и статус на светски рекет број еден.
Норвешкиот тенисер Каспер Руд се пласираше во финалето на УС Опен, откако во полуфиналето го совлада Русинот Карен Хачанов со 3:1 во сетови.
Во сетови беше 7:6, 6:2, 5:7 и 6:2. Натпреварот траеше три часа и три минути.
Алкараз во второто полуфинале го победи американскиот тенисер Френсис Тијафо со 3:2 во сетови, 6:7, 6:3, 6:1, 6:7, 6:3.
Руд го сврте дуелот со Хачанов во своја корист во тај-брејкот од првиот сет, кога ситните детали одлучуваа кој ќе дојде до предност. Таа предност ја искористи во вториот сет кој го доби со два брејка.
Во третиот, Руд се чинеше дека има контрола, но Хачанов не попушти. Некако го спаси својот сервис и со брејк во 12. гем го однесе мечот во четвртиот сет.
Сепак, во него немаше дилеми. Руд уфрли во поголема брзина, сервираше одлично, одзеде два брејка и се пласира во големото финале.
Френсис Тијаго доби два сета во тај-брејк, но Карлос Алкараз сепак имаше повеќе сила и нерви да го добие полуфиналниот дуел и да се пласира во финалето на УС Опен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погребан Диого Жота, соиграчите од Ливерпул дојдоа со венци во форма на дресови

Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар.
Членови на семејството, пријатели и колеги фудбалери присуствуваа на погребната церемонија.
Претставници на Ливерпул беа, меѓу другите, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон.
Едниот носеше букет цвеќе во форма на дрес со број 20 (бројот на Жота), а другиот со број 30 (бројот на Андре Силва).

Тука беа и португалските репрезентативци Бруно Фернандеш, Рубен Дијас, Жоао Феликс, Бернардо Силва, Руи Патрицио, а поранешниот соиграч Жоао Мутињо положи венец во име на Вулверхемптон.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER