Црна хроника
Насилник тепал деца во Кисела Вода
Вчера во 20 часот на булеварот „Србија“ полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.Л.(21) од Скопје.
Имено, тој претходно пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал малолетник, а потоа во близина на средно училиште на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал уште двајца малолетници.
М.Л. бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Aвтомобил излета од автопат кај клучката кај Коњари, 60-годишна жена тешко повредена
Вчера, на автопатот Штип – Скопје, во близина на клучката кај Коњари, патничко возило „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од З. Ј. (39) од Кочани, излетало од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката Л. Ј. (60) од Кочани, а другиот сопатник Г. Ј. (64) од Кочани добил телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип, расчистено разбојништвото
Вчера, во 16 часот, на улицата Христијан Карпош во Штип, полициски службеници од Отсекот за општ криминал и Полициската станица Штип при СВР Штип ја лишиле од слобода 23-годишната Џ. С. од Кочани, извести МВР.
„Таа се сомничи дека на 15.5.2024 извршила кривично дело разбојништво над Л. М. (69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи“, соопшти МВР.
Џ. С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ. С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово
Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство, а се претпоставува дека е од Првата светска војна, веднаш потоа беше преземена од страна на пиротехничар од ДЗС Берово за негово уништување.
„Ваквата постапка можеби изгледа правилна, но тоа е само делумно зашто е стапено во контакт со полицијата и сепак е несоодветна од безбедносен аспект. Поради своја безбедност и на околината, граѓаните треба да постапуваат во согласност со безбедносните препораки при вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства (НУС) или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку, едноставно, да се јават на 112 во ЦУК и со НУС ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи од страна на професионалци – пиротехничари, безбедно и за нив и за сите во нивната околина“, соопштуваат од ЦУК.