Црна хроника
Роднини на обвинетите во Монструм сведочат пред судот
Роднини на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро даваат искази пред судот.
Братот на обвинетиот Фејзи Азири, Фекри Азири раскажуваше дека на денот на убиството, 12 април 2012 година во 6 часот утрото заедно со неговиот брат Фејзи и другиот брат Јусуфи заминале на фармата каде во Белимбегово, каде заедно одгледувале овци.
Во текот на денот Феjзи заминал од фармата и околу 18 часот се вратил во фармата и таму биле до 21 часот. Сведокот заедно со другиот брат си заминале околу 21 часот, додека Фејзи се подготвувал да си оди, заминал сам, но сведокот не знаеше да каже каде точно.
Фекри Азири му е вујко на првообвинетиот Алил Демири и чичко на обвинетиот Хаки Азири. Другите обвинети, Африм и Алил Исмаиловиќ и Рами Сејди рече дека не ги познава. Но по неколкучасовно испрашување, на прашање на судијата, Фекри рече дека го знае чичкото на Сејди Рами, а Сејди го знаел од телевизијата.
Како што раскажа Фекри, фармата ја поседувале, три до четири години. Фармата имала седум објекти, три од нив купил Фејзи, додека останатите четири биле фирма за правење на церади, која што ја поседувал извесен Екрем.
Со оглед на тоа што Фекри детално раскажа што правел на денот на убиството, судијата го праша што правел на 12 март или на 12 мај таа година. Но тој не можеше да се сети, бидејќи како што рече, немало посебна причина да се сеќава на тие денови.
„Нема посебна причина да се сеќаваме на 12 април 2012 година, освен случајот што се случи на Смилковското езеро, бидејќи тоа не е мала работа“ рече Фекри Азири.
Судењето продолжува без првообвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои сеуште не се екстрадирани од Косово, кадешто с ево притвор.
Македонското министерство за правда откако ги преведе ги испрати документите за екстрадиција. Сега косовското министерство за правда треба да одлучи дали двајцата обвинетите ќе бидат испорачани во Македонија.
На 12-ти април минатата 2012 година без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски. Сé уште не се знае зошто момчињата и рибарот беа свирепо егзекутиран. Во обвинителниот акт единствено стои дека убијците имале цел да предизвикаат создавање на чувство на несигурност и страв кај граѓаните на Македонија./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

