Европа
Чарлс Трети денеска првпат ќе им се обрати на пратениците како монарх
Кралот Чарлс Трети денеска пристигна во Парламентот, првпат откако беше прогласен за британски монарх, а се очекува да се обрати пред пратениците.
Сопругата на кралот и кралицата Камила седат на тронот во Парламентот додека присутните членови на Парламентот изразуваат сочувство за смртта на кралицата Елизабета Втора, јавува Би-би-си.
Претседателите на двата дома на парламентот ќе му се обратат на кралот, по што се очекува одговор од Чарлс Трети, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Франција: ученик нападнал професорка со нож на час, се обидел да побегне
Денеска 18-годишен ученик со нож нападнал професорка за време на час по англиски јазик во училиште на западот на Франција, јави телевизијата БФМ.
Средношколецот по нападот се обидел да побегне, но бил приведен.
Професорката се здобила со полесни повреди на лицето, пренесуваат француските медиуми.
Извор близок до истрагата вели дека професорката неколку минути пред нападот разговарала со ученикот за неговото неодамнешно неколкудневно отсуство, пренесува Танјуг.
Европа
Полска го ограничува правото на слободно движење на руските дипломати
Полска ќе воведе ограничувања кога станува збор за движењето на руските дипломати на нејзина територија поради вмешаноста на Москва во хибридната војна против Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи Радослав Сикорски.
Односите меѓу Полска и Русија се затегнати по избувнувањето на конфликтот во Украина во 2022 година.
Варшава ја обвинува Москва и за шпионски активности и саботажа на територијата на Полска, пренесува Ројтерс.
„Се надеваме дека Руската Федерација ќе го сфати ова како многу сериозно предупредување“, изјави Сикорски за новинарите во Брисел.
Тој додаде дека руската амбасада во Варшава ќе биде известена за оваа одлука и дека ограничувањата за движење важат за целиот персонал во амбасадата и конзулатите, освен за амбасадорот.
Европа
Украински дрон погоди руски радар на рекордна оддалеченост
Украинско беспилотно летало нападна руски радар за рано предупредување „Воронеж М“ во близина на градот Орск во областа Оренбург на „рекордна“ далечина, изјави денеска извор од киевските разузнавачки служби.
Извор за Ројтерс изјави дека нападот го извршила украинската воена разузнавачка агенција синоќа и не кажа дали предизвикал некаква штета. Градот Орск се наоѓа на околу 1.500 километри од најблиските делови на територијата под украинска контрола.
Во одделен инцидент, едно лице загина, а три се ранети во напад со украинско беспилотно летало врз рускиот регион Орел рано утринава, изјави регионалниот гувернер Андреј Кличко на апликацијата Телеграм.
Кличко рече дека беспилотно летало удрило во бензинска пумпа, оштетувајќи ја, а друго подоцна паднало врз неа, при што загинал пожарникар.