Свет
Кралот Чарлс: Ќе ѝ служам на земјата несебично како мајка ми
Британскиот крал Чарлс Трети денеска изјави дека одлучно ќе го следи примерот на неговата мајка, покојната кралица Елизабета Втора, во обраќањето пред пратениците пред парламентот, кој го карактеризира како „жив инструмент на демократијата“.
„Додека стојам пред вас, не можам а да не ја почувствувам тежината на историјата што нè опкружува и ме потсетува на клучните традиции на Парламентот на кои се посветени членовите на двата дома за доброто на сите“, рече тој во Вестминстерската сала, најстарата зграда во собранискиот комплекс.
Кралот Чарлс III им се заблагодари на сите за нивното сочувство за неговата неодамна почината мајка.
Како што оцени, кралицата Елизабета Втора го посветила својот живот на „служење на својата земја и народ и одржување на скапоцените принципи на уставната влада што се во срцето на нашата нација“.
„Таа претставува пример за несебично извршување на должноста која со Божја помош и ваша согласност сум решен верно да ја следам“, заклучи новиот британски крал.
Потоа беше интонирана британската химна, а кралот Чарлс Трети со сопругата Камила ќе замине во Единбург, каде што е изложен ковчегот со телото на покојната кралица Елизабета Втора, пренесе Блиц.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Државната дума на Русија го именуваше Михаил Мишустин за премиер
Државната дума на Русија на пленарниот состанок усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер.
За овој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, додека ниту еден од пратениците не гласаше против, пренесува РИА Новости.
Новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување.
Свет
Стинг и „Колдплеј“ бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт
Активистите за човекови права, заедно со 100 музичари, вклучувајќи ги Стинг и „Колдплеј“, бараат ослободување на иранскиот рапер Тумај Салехи, осуден на смрт поради поддршка на масовните протести во Иран есента 2022 година. „Смртната пресуда на Салехи е кулминација на три години судско вознемирување вклучувајќи апсење, затворање и тортура“, се вели во петицијата на лондонската организација Index on Censorship.
Во многу од неговите песни пејачот го привлече вниманието на состојбата со човековите права во Иран. Во октомври 2023 година на Салехи му беше доделена наградата за слобода на изразување од страна на Index on Censorship.
„Мора да се дозволи уметноста да критикува, провоцира, преиспитува и предизвикува авторитет“, велат потписниците.
„Ниту еден уметник не треба да биде подложен на каков било вид судско малтретирање поради остварување на своето право на слобода на изразување, а камоли да биде осуден на смрт“.
Смртната казна за Салехи беше објавена на крајот на април. Оваа вест предизвика незадоволство во Иран и други земји во светот. Властите донесоа одлука во врска со поддршката на Салехи за масовните протести во Иран во есента 2022 година. Во минатото раперот со своите текстови ги критикува социјалните и политичките проблеми во земјата.
Свет
Папата ги повика владите на демографски политики: „Не недостигаат кучињата и мачките, туку децата“
„Владите мора да спроведат сериозни и ефективни политики за благосостојбата на семејствата за да се спротивстават на падот на наталитетот и стареењето на населението“, рече денеска папата Франциско и ги повика младите да имаат верба во иднината.
Говорејќи на конференцијата за сè потешката демографска криза, папата рече дека бројот на првите раѓања е показател за надежта на луѓето и дека Европа сè повеќе се претвора во „стар, уморен и резигниран“ континент.
„Потребни се ефективни политики, храбри, конкретни и долгорочни одлуки. Потребна е поголема посветеност на сите влади за помладите генерации да ги остварат своите легитимни соништа“, рече папата.
Стапката на наталитет во Европа минатата деценија падна на 1,5 раѓање на жена. Ова е повисоко од најниските нивоа, како оние во источна Азија, но многу помалку од 2,1 потребни за одржување на населението.
„Постои факт што ми го кажа еден демограф. Моментно, инвестициите со најмногу приходи се оние во фабриките за оружје и контрацепција. Едниот го уништува животот, другиот го спречува. Каква иднина имаме? Тоа е лошо“, вели папата.
Бројот на раѓања во Италија падна на рекордно ниско ниво во 2023 година и се намалува веќе 15-та година по ред.
„Домовите се полни со предмети, но без деца, стануваат многу тажни места. Не недостигаат мали кучиња, мачки. Нема недостиг од тоа. Има недостиг од деца“, рече папата.
Тој предложи политики што нема да ги принудуваат мајките да избираат помеѓу кариерата и грижата за децата и кои на младите парови ќе им обезбедат стабилни работни места и можност за купување недвижен имот.
„Знам дека за многумина од вас иднината изгледа неизвесна и дека поради падот на наталитетот, војните, пандемиите и климатските промени, не е лесно да се одржи надежта жива. Но, не откажувајте се, имајте верба “, им рече тој на младите.