Контакт

Европа

Без приватни авиони и хеликоптери на погребот на кралицата Елизабета, странските лидери ќе мора да користат автобус?

Објавено пред

Странските шефови на држави и нивните партнери што ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета Втора биле замолени да дојдат во Велика Британија со комерцијални летови и забрането им е да користат хеликоптери за да го обиколат главниот град, пренесуваат регионалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Дополнително, им било посочено дека нема да може да ги користат своите службени автомобили за да присуствуваат на погребот закажан за понеделник, 19 септември, туку, наместо тоа, ќе бидат пренесени со автобус до Вестминстерската опатија од локација во западен Лондон, објави „Политико“.

Официјалните документи до кои дошле медиумите, а кои во саботата биле проследени до амбасадите, исто така потврдиле дека биле поканети само шефови на држави и нивните партнери од секоја земја.

Официјалниот капацитет на Вестминстерската опатија е 2.200 луѓе и се очекува да биде исполнет до толкава мера што би било неодржливо да има повеќе од еден висок претставник за секоја нација плус брачен другар, стои во написите.

Од оние шефови на држави што поради некоја причина не може да присуствуваат на погребот било побарано да изберат друг претставник, како шеф на влада или министер.

Кралот Чарлс III ќе приреди прием за прекуокеанските лидери во Бакингемската палата в недела на 18 септември, вечерта пред погребот. Шефовите на држави, според написите, додека се во Ланкастер хаус, исто така ќе може да ѝ оддадат почит на покојната кралица до три минути, што ќе биде снимено за медиумите.

На денот на погребот ќе има строги безбедносни ограничувања и патувања во центарот на Лондон, па на шефовите на државите им било кажано да се состанат на локација во западен Лондон, од каде што со автобуси ќе бидат придружувани до опатијата.

Исто така, имало предупредување дека странските лидери треба да пристигнат во Велика Британија со комерцијални летови бидејќи нема да има аранжмани за приватни авиони на лондонскиот аеродром „Хитроу“.

Наместо тоа, било препорачано авионите да се насочуваат кон помалку прометните аеродроми во главниот град.

Извештаите за протоколарните информации доаѓаат набргу откога Белата куќа потврди дека претседателот Џо Бајден официјално ја прифатил поканата за државниот погреб и ќе присуствува со првата дама Џил Бајден, јавуваат агенциите.

Европа

(Видео) Украинците ја нападнаа Москва со беспилотни летала

Објавено пред

Руската престолнина синоќа повторно беше цел на беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела по големиот напад на 10 декември, објави „Киев индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Русите: Соборивме најмалку 18
Според Собјанин, руската воздушна одбрана собори најмалку 18 беспилотни летала што се движеа кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за итни случаи ги расчистуваат остатоците од соборените беспилотни летала.

Руското Министерство за одбрана подоцна објави подетаљни податоци тврдејќи дека вкупно 130 беспилотни летала биле пресретнати во Русија преку ноќ. Од нив, велат тие, 25 биле соборени над Московскиот Регион.

Експлозии и прекини во сообраќајот
Жителите на истринскиот округ, 40-ина километри западно од Москва, пријавија повеќе од десетина гласни експлозии, објави рускиот телеграм-канал „Шот“. Експлозии се слушнале и во Кашира и во Коломна, јужно од главниот град.

Нападите доведоа и до привремени ограничувања на воздушниот сообраќај на московските аеродроми „Жуковски“ и „Домодедово“. Претходните напади исто така ги прекинаа воздушните операции приземјувајќи и одложувајќи стотици летови.

Прикажи повеќе...

Европа

Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ

Објавено пред

Евростат објави детаљни податоци за тоа колку граѓани, кои не се од ЕУ, а избегале од Украина, моментно имаат статус на привремена заштита во Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

На 31 октомври оваа година вкупно 4,3 милиони такви лица имале статус на привремена заштита. Во споредба со крајот на септември оваа година, вкупниот број на лица од Украина под привремена заштита се намалил за 6.170 (-0,1 %).

Земјите членки на ЕУ, кои примиле најголем број корисници на привремена заштита од Украина, биле Германија (1.229.960 лица; 28,6 % од вкупниот број во ЕУ), Полска (965.005; 22,5 %) и Чешка (393.005; 9,1 %).

Список на земји според примени бегалци од Украина:

  1. Германија – 1.229.960
  2. Полска – 965.005
  3. Чешка – 393.005
  4. Шпанија – 250.135
  5. Романија – 197.675
  6. Словачка – 137.600
  7. Холандија – 132.200
  8. Ирска – 117.805
  9. Белгија – 93.520
  10. Австрија – 90.340
  11. Норвешка – 82.590
  12. Финска – 77.335
  13. Бугарија – 75.255
  14. Швајцарија – 70.950
  15. Италија – 56.940
  16. Франција – 54.005
  17. Литванија – 50.600
  18. Шведска – 48.315
  19. Данска – 45.230
  20. Унгарија – 42.430
  21. Грција – 37.685
  22. Естонија – 34.965
  23. Латвија – 31.280
  24. Хрватска – 28.070
  25. Кипар – 24.755
  26. Словенија – 10.950
  27. Малта – 2.445
  28. Лихтенштајн – 845
Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Експлозии во Белгород; Русите: Бевме нападнати со ракети, штетата е значителна

Објавено пред

Украинскиот ракетен напад врз рускиот град Белгород предизвика „сериозна штета“ на локалната инфраструктура, изјави доцна синоќа гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.

dobivaj vesti na viber

„Како резултат на нападот, е предизвикана сериозна штета на инженерската инфраструктура. Службите за итни случаи и оперативните служби работат на отстранување на последиците“, напиша Гладков на социјалните мрежи.

Гладков објави заматена фотографија од местото на нападот, но не прецизираше кои цели биле погодени. Локалните канали на Телеграм објавија експлозии во термоцентралата Луч во градот, клучна енергетска инфраструктура во Белгород, која во минатото беше цел на украински напади, предизвикувајќи големи прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Белгород е честа цел на украински напади
Термоцентралата Луч е гасно-турбинска електрана која произведува топлина и електрична енергија и обезбедува околу 10 проценти од греењето на градот.

Според Гладков, некои куќи и станбени згради во областа беа исто така оштетени во вчерашниот напад. Засега нема извештаи за жртви. Жителите на Белгород, исто така, пријавија прекини во снабдувањето со електрична енергија по нападот.

Сместен на границата со Харковската област, Белгород е честа цел на украински напади. Украина претходно ја таргетираше енергетската инфраструктура во регионот користејќи HIMARS и повеќекратни ракетни системи (MLRS) како одговор на руските напади врз енергетската мрежа на Украина, што сè повеќе го нарушува секојдневниот живот на жителите на Белгород.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет4 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија6 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија7 часа

Вечерва почнува зимска бајка на Плоштад Македонија: Елката ќе светне во 18 часот, Дедо Мраз ќе стигне на 27 декември

Елката на Плоштад Македонија вечерва во 18 часот ќе биде осветлена со свечена церемонија, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски....

Македонија7 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија9 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет10 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет12 часа

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа13 часа

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија13 часа

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет14 часа

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет14 часа

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет14 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија1 ден

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија1 ден

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ1 ден

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија1 ден

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...

Свет2 дена

(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот...