Македонија
Шест починати лица и нови 179 со коронавирус во последните три дена

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 9.9 до 11.9.2022) направени се 1.286 теста, а регистрирани се 179 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 94, Битола – 16, Куманово – 11, Прилеп, Кавадарци, Велес и Неготино – по 6, Штип и Делчево – по 5, Охрид и Кочани – по 4, Тетово и Берово – по 3, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Струмица, Ресен, Радовиш, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број позитивни (179), регистрирани се 36 реинфекции.
Регистрирани сe 347 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 215, Битола – 22, Кавадарци – 14, Велес – 11, Куманово и Тетово – по 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Берово, Гостивар и Гевгелија – по 6, Кичево и Свети Николе – по 5, Кочани и Струмица – по 4, Штип – 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово, Струга и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (9.09 – 11.9.2022) пријавени се 2 починати лица, по едно од Скопје (79) и од Валандово (86). Лицата се починати во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се 4 починати лица, по едно од Скопје, Битола, Охрид и од Крушево, на возраст од 71 до 89 години. Три лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Лицата се починати во период од 25.8. до 1.9.2022 година.
Направени се 1.286 теста преку: ИЈЗ-165, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-39, ЦЈЗ Прилеп-3, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–34, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-21, Биотек-35, Систина-72, лабораторија Лаор-8, Синлаб-18, Ремедика-0, Плодност-8, Генеа-13, Никоб лаб-53, ВФВ медикал-11, Ели медика плус-8, Ројал медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид лаб–6, Жан Митрев Струмица–1, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 635.
Досега во земјата се направени вкупно 2.158.164 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.583, бројот на оздравени пациенти е 331.213, на починати е 9.512, а бројот на активни случаи изнесува 858.
Скопје 160.610, Активни 377
Куманово 18.148, Активни 25
Битола 17.857, Активни 82
Прилеп 15.419, Активни 50
Тетово 14.438, Активни 33
Кавадарци 12.025, Активни 29
Велес 10.750, Активни 19
Охрид 10.275, Активни 22
Гостивар 10.270, Активни 11
Струмица 8.767, Активни 4
Штип 8.725, Активни 29
Кичево 6.058, Активни 15
Кочани 5.541, Активни 19
Струга 5.171, Активни 8
Гевгелија 4.864, Активни 7
Неготино 4.128, Активни 14
Ресен 3.015, Активни 19
Радовиш 2.829, Активни 14
Свети Николе 2.793, Активни 3
Крива Паланка 2.651, Активни 14
Делчево 2.180, Активни 25
Берово 1.864, Активни 8
Дебар 1.811, Активни 0
Валандово 1.599, Активни 2
Виница 1.477, Активни 1
Пробиштип 1.299, Активни 1
Кратово 1.113, Активни 7
Богданци 1.099, Активни 0
Крушево 1.033, Активни 12
Демир Хисар 926, Активни 2
Македонски Брод 797, Активни 4
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 2
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.
Македонија
(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех.
Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не остварил ниту еден договор или резултат на дипломатски план.
СДСМ ја критикува и состојбата со дипломатската мрежа, која, како што рече Жерновски, е „разурната, партизирана и нефункционална“, а Македонија се наоѓа „на периферијата на демократскиот свет“.
Како посебно загрижувачка точка беше истакната и заканата, како што наведуваат од СДСМ, за можно бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент, што партијата го поврзува со актуелната надворешна политика на МНР.
Жерновски рече дека за време на владеењето на СДСМ бил обезбеден македонскиот јазик во официјални документи на ЕУ, вклучително и договорот со ФРОНТЕКС, без фусноти и дополнителни објаснувања.
„Тој успех денес е доведен во прашање поради вазалската политика на Муцунски и неговиот шеф Мицкоски“, рече Жерновски.
На крајот, порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, европска иднина и заштитен идентитет и јазик.
Македонија
(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај, при што сторителот незаконски се приклучил за да наводнува неколку илјади метри квадратни пластеници. За случајот е изготвена и поднесена кривична пријава.
Ваквите појави сериозно го нарушуваат водоснабдувањето во градот, особено во урбаните и руралните средини кои секојдневно се соочуваат со намален притисок и недостиг на вода. Покрај директната штета врз системот, сторителот избегнувал и плаќање за потрошена вода во висина од илјадници евра, нанесувајќи штета на Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“, соопшти Град Скопје.
Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, во јуни е забележана енормна потрошувачка на вода, која на одредени денови достигнала рекордни 356.000 м³. Тоа претставува околу 700 литри вода дневно по жител. Високата потрошувачка најчесто се должи на нерационално користење на вода – за наводнување, перење возила и полнење базени – дел од тоа и преку нелегални приклучоци.
Град Скопје апелира до надлежните институции, вклучително и МВР и Јавното обвинителство, активно да се вклучат во процесот на справување со дивите приклучоци и заштита на системот за водоснабдување. Се додава и дека неказнивоста води кон безредие, а граѓаните заслужуваат безбеден, редовен и правичен пристап до вода.