Црна хроника
Тетовка со туѓа лична карта подигала брзи кредити
Тетовка пронашла изгубена лична карта и со неа неколкупати подигала брзи кредити.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М. А. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци и против две подружници на финансиски друштва во Тетово, Г. А. (35) од Република Бугарија, раководител на едната подружница, Р. Г. (37) од Скопје, раководител на другата подружница, и вработените во двете подружници, С. И. (34) од Тетово и М. А. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.
Првопријавената, во јануари 2022 година, во близина на Клиничкиот центар во Тетово, пронашла изгубена лична карта, која, наместо да ја пријави во полициска станица, без согласност на сопственичката, ги искористила личните податоци и во три наврати подигнала брз готовински кредит во двете подружници на финансиските друштва. Двете правни лица и другите четворица пријавени несовесно постапиле со пропуштање должен надзор и на тој начин ѝ овозможиле на првопријавената да подигне брзи готовински кредити со користење личен документ од туѓо лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

