Спорт
Без Вардар вечерва стартува новата сезона во ЛШ
Денеска на Стариот Континент стартува новата сезона во ракометната Лига на шампионите. Титулата ја брани Барселона.
Ракометниот крем на Стариот Континент ќе брои 16 екипи поделени во две групи со по осум клуба. За жал, поради финансиски проблеми нема да го гледаме Вардар, европскиот првак од 2017 и 2019 година. Со одлука на ЕХФ македонскиот гигант е исфрлен од Лигата на шампионите, што значи дека Македонија по 22 години нема да има претставник во најсилното натпреварување.
Првите два тима во двете групи ќе изборат директен пласман во четвртфиналето, додека од третото до шестото место ќе разигруваат за пласман меѓу осумте најдобри клубови на Стариот Континент.
Ракометниот поредок не треба да се менува оваа сезона. На хартија, Барселона, Кил и Киелце се првите три фаворити. Во игра за круната е вечниот кандидат за титулата шампион на Европа, Веспрем.
Француски Пари Сен Жермен е послаб од претходните години, а на место меѓу четирите најдобри екипи можат да се надеваат и Алборг, Магдебург, ПИК Сегед, можеби Нант, додека пријатно изненадување сезонава би можел да биде Динамо од Букурешт.
Најмалку шанси имаат Целје, Загреб и Елверум.
Вечерва на програмата е дербито Пик Сегед-Барселона (18:45 часот). Во истиот термин Кил ќе го пречека Елверум. Од 20?45 часот ќе започнат дуелите Кјелце-Нант и Загреб-ГОГ.
Група А: ГОГ, Магдебург, Веспрем, Висла, Загреб, ПСЖ, Порто, Динамо Букурешт
Група Б: Алборг, Кил, Елверум, Кјелце, Нант, Барселона, Пик Сегед, Цеље.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

