Спорт
Македонскиот шампион во одбојка, ОК Струмица, оваа сезона под моќниот бренд на НИКОБ во европската Лига на шампионите
„Денеска имавме чест да потпишеме меморандум за соработка и договор за спонзорство со најтрофејниот македонски клуб во одбојка, ОК Струмица – Никоб.
Одбојкарскиот клуб Струмица Никоб е гордоста на Струмица и на Македонија и ќе направиме сѐ што е во рамките на нашите можности како генерални спонзори да му помогнеме на клубот да ги има сите услови за да може да се натпреварува на елитното натпреварување во европската Лига на шампионите, изјави сопственикот на Групацијата Никоб, Кирил Лазаров.
Во моментот го заокруживме процесот на обезбедување врвна опрема и квалитетни дресови, тренирки и друг вид опрема според стандардите што ги бара европската Лига на шампионите, понатаму го помогнавме клубот да биде домаќин на врвен меѓународен турнир во Струмица, во кој клубот го заврши со многу добар скор и практично тоа беше еден показател во каква форма се играчите.
Она на што најмногу се гордеам се засилувањата оваа сезона, која заедно со клубот ги обезбедивме, така што сме спремни македонската и клупската одбојка да ја претставиме во најдобро светло во Европа.
Денес го потпишавме меморандумот за соработка и договорот за спонзорство и ги промовиравме домашниот и гостинскиот клубски дрес, кој е одраз на стандардите што ги наметнува Европската одбојкарска федерација.
Одбојката е спорт што во Европа и светот станува сѐ попопуларен, а ние како општествено одговорна компанија сакаме овој спорт да биде пример дека е навистина репрезентативен и потребен за секој млад човек што сака да се развива во здрава и стабилна личност. Ќе продолжиме да го поддржуваме спортот како компанија бидејќи сметаме дека спортот е оној што обединува и ги неутрализира сите негативности што знае општеството да ги обремени младите луѓе, резимира првиот човек на Никоб, Кирил Лазаров.
Претседателот на ОК Струмица Никоб, Владо Милев, кој е клупски играч и македонски репрезентативец, се заблагодари до сопственикот на Никоб за посветеноста, но и за храброста да инвестира во спортот и во одбојката во целина. Одбојката е прекрасен спорт, кој во Европа е циклусно популарен, но во светот овој олимписки спорт е навистина ценет и респектиран, особено кај младата популација.
Со Никоб како спонзори немаме да имаме предизивици и се надеваме на добар резултат во Европа, но и во нашето првенство. Потребен е стабилен спонзор, кој ќе ни помага. Имаме неколку врвни одбојкарски имиња со кои се засиливме оваа сезона. Тоа се Русите Александар Злобин, Максим Михаилов, Алексеј Лободин, колумбиецот Јоан Јараба и Канаѓанецот со македонски корени, Деан Глобочки.
Сите доаѓаат од врвни клубови со одличен скор зад себе. На турниот во Струмица, по повод 75 години клубска историја на ОК Струмица, игравме со Раднички Крагуевац од Србија, ОК Црна Гора и ОК Крајова од Романија. Остваривме втор резултат и прокниживме две победи. Тоа ни даде слика во каква кондиција е клубот.
На 20 септември почнуваме со првиот натпревар во Лигата на шампионите на Европа во Холандија и играме со холандскиот шампион Драисма Динамо од Апелдоорн. Се надеваме на победа и ги повикуваме сите наши што живеат во Холандија и во Европа и да дојдат и да ни дадат поддршка, која многу ќе ни значи“.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во нокаут фазата во Лига Европа
Заврши првата фаза во Лига Европа. Регионалните великани Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во плеј-офот. Црвено-белите го освоија 15-то место, а модрите завршија на 23-та позиција.
Црвена звезда, во последното коло, осигра нерешено во Белград со Селта 1:1, додека Динамо забележа пораз во Данска од Митјиланд 2:0.
Комплетни резултати:
Астон Вила – РБ Салцбург 3:2, Базел – Викторија Плзен 0:1, Бетис – Феенорд 2:1, Селтик – Утрехт 4:2, Црвена звезда – Селта Виго 1:1, ФЦСБ – Фенербахче 1:1, Го Ахед Иглс – Брага 0:0, Генк-Малме 2:1, Олимпик Лион – ПАОК 3:2, Макаби Тел Авив – Болоња 0:3, Митјиланд – Динамо Загреб 2:0, Нотингем Форест – Ференцварош 4:0, Панатинаикос – Рома 1:1, Порто – Ренџерс 3:1, Штурм=Бран 1:0, Штутгарт-Јанг Бојс 4:2.
Директен пласман во осминафиналето изборија: Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург, Рома.
Двојки за плејоф, ждрепката е утре во 13 часот:
Селтик/Лудогорец – Штутгарт/Ференцварош
Фенербахче/Панатинаикос – Нотингем Форест/Викторија Пилсен
Динамо Загреб/Бран – Болоња/Генк
Црвена звезда/Селта – ПАОК/Лил
Спорт
Роберто Де Зерби ќе добие отказ поради чудо во Лисабон?
Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е во сериозна опасност да биде отпуштен, објави Радио Монте Карло Спорт (RMC).
Истиот извор наведува дека се во тек разговори меѓу сите страни за да се донесе одлука за иднината на Де Зерби на клупата на клубот од „Велодром“.
Статусот на италијанскиот стручњак беше доведен во прашање по елиминацијата на Марсеј од Лигата на шампионите.
И покрај поразот од 3:0 од Ливерпул во претходното коло, пред последниот натпревар, францускиот клуб имаше одлична шанса да се пласира меѓу 24-те екипи и да игра плејоф, но тоа не се случи поради неверојатниот крај на натпреварот во Лисабон.
Пред гостувањето во Клуб Бриж, Марсеј имаше дури 94 проценти шанси за пласман, меѓутоа, поразот од 3:0 во Белгија, заедно со победата од 4:2 на Бенфика над Реал Мадрид и други неповолни резултати доведоа до тоа францускиот клуб да заврши на 25-то место на табелата и да не продолжи со натпреварувањето.
Марсеј моментално е трет на табелата во Лига 1, седум бода зад лидерот Пари Сен Жермен.
Foto/ depositphotos
Спорт
Кристал Палас напаѓач најде во Вулверхемптон
Јорген Странд Ларсен е нов член на Кристал Палас.
Норвежанецот му се приклучи на клубот од јужен Лондон од Вулверхемптон, кој е на дното на табелата во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Според медиумите на Островот, вредноста на трансферот е 52 милиони евра плус шест милиони што може да ги заработи преку бонуси. Ова е втор најголем трансфер во овој преоден рок, по оној на Антоан Семењо. Репрезентативецот на Гана за 72 милиони евра од Борнмут замина во Манчестер Сити.
Ларсен одигра 63 натпревари за Вулверхемптон и постигна 20 гола. Оваа сезона, тој ја погоди противничката мрежа шест пати во 25 натпревари.
Foto/ depositphotos

