Спорт
Англичаните се чудат: За Мегваер има место во репрезентацијта, за Рашфорд и Санчо – не!

Ѕвездите на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо, се наоѓаат пред опасност да го пропуштат Светското првенство во Катар откако англискиот селектор Герет Саутгејт реши да не ги повика за мечевите од Лигата на нациите, а во исто време зачудувачки го повика капитенот на „ѓаволите“, Хери Мегваер, кој поголем дел од сезоната помина на клупата.
Саутгејт го објави составот од 28 фудбалери за мечевите од Лигата на нациите против Италија и Германија, список во кој првпат е напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тоуни, а во тимот се враќаат дефанзивецот на Челси, Бен Чилвел и Ерик Даер од Тотенхем. Покрај Мегваер, и Лук Шо е повикан во тимот, иако и тој е маргинализиран во новиот состав на Ерик Тен Хаг.
Рашфорд веќе беше проблематичен поради повреда на бутниот мускул, но Санчо беше достапен и очекуваше повик по подобрувањето на формата со головите против Ливерпул и Лестер.
„Имаше одредени фудбалери што сакавме да ги задржиме во овој повик, но тоа не значи дека ова е крај за тие што не се повикани. Маркус Рашфорд, на пример, е во охрабрувачка форма. Тој е фудбалер што добро го познаваме и секако ќе биде во потесниот избор. Имаме и фудбалери како Бен Чилвел, Хери Мегваер, Лук Шо и Калвин Филипс, кои немаат многу минути, што не е идеално, но може да бидат важни фудбалери за нас. Има уште многу фудбал пред Катар“, вели Саутгејт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.