Свет
Шефот на ОН за храна: Тоа што беше бран на глад сега е цунами од глад
Шефот на ОН за храна вели дека светот се соочува со „глобална криза од невидени размери“, при што до 345 милиони луѓе се изложени на ризик од глад, а 70 милиони се поблиску до глад поради војната во Украина.
Дејвид Бисли, извршен директор на Светската програма за храна на ОН, го предупреди Советот за безбедност дека бројот на луѓе на кои им недостасува храна е двојно зголемен од избувнувањето на пандемијата на Ковид-19 во 2020 година.
„Она што беше бран на глад сега е цунами од глад“, рече тој, посочувајќи на растечките конфликти, економските последици од пандемијата, климатските промени, зголемените цени на горивото и војната во Украина.
Откако Русија го нападна својот сосед на 24 февруари, рече Бисли, зголемените трошоци за храна, гориво и ѓубрива доведоа 70 милиони луѓе поблиску до глад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Зохран Мамдани, новиот градоначалник на Њујорк, прослави со боливудски хит
Прославата на победата на Зохраб Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк имаше неочекуван саундтрак – популарната боливудска песна „Дум Мачале“ одекнуваше низ салата додека новиот градоначалник го славеше историскиот момент, објавува „Хиндустан тајмс“.
На 34-годишна возраст, Мамдани влезе во историјата станувајќи не само првиот муслимански градоначалник на Њујорк, туку и најмладата личност избрана на функцијата во последните сто години.
Mamdani ended his speech with Dhoom Machale 😭😫 pic.twitter.com/21TBjSbk26
— L (@rebrandthisshi) November 5, 2025
Демократскиот социјалист победи со прогресивна програма, поразувајќи го поранешниот гувернер Ендру Куомо и републиканецот Кертис Слива.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Маж несоодветно ја допрe претседателката на Мексико среде улица
Додека претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, разговараше со граѓани во Мексико Сити, еден маж ненадејно помина зад неа, се обиде да ја бакне во образ и накратко ја допре.
Обезбедувањето веднаш реагираше и го тргна човекот.
На снимката се слуша како Шејнбаум мирно вели „Не грижете се“, додека го одбива напаѓачот и продолжува да се насмевнува.
Шејнбаум често влегува меѓу народот, се ракува и фотографира со граѓани — исто како и нејзиниот претходник Андрес Мануел Лопез Обрадор.
Свет
Американците без плата, откажани летови: владата на САД е во блокада веќе 36 дена
Блокадата на американската федерална управа е најдолгата во историјата на САД, влегувајќи во својот 36-ти ден во среда, бидејќи Конгресот и понатаму нема одобрено федерален буџет. Претходното најдолго затворање во историјата на САД беше за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, кој затвори многу федерални операции повеќе од пет недели кон крајот на 2018 и почетокот на 2019 година.
Колку долго ќе трае прекинот на работата зависи од тоа дали двете страни можат да постигнат договор. Се очекува Сенатот да одржи нови рунди гласања во среда, додека Претставничкиот дом, вториот дом на Конгресот, не е закажан да се состане оваа недела, иако би можел да се состане во зависност од околностите.
Поради блокадата федералната влада е без средства за секојдневна работа и плати. Федералните трошоци практично се запрени, ставајќи ги во опасност многу агенции и канцеларии. Само оние агенции што се сметаат за неопходни се исклучок. Ова станува сè поочигледно во секојдневниот живот во САД.
Многу федерални вработени не ги добиле своите плати од октомври. На некои аеродроми има долги редици бидејќи пријавувањето на патниците не се одвива како и обично. Поради недостиг на контролори на летање кои побарале други работни места, секој ден се откажуваат бројни летови.
Оние кои зависат од помошта во храна во моментов мора да чекаат подолго за неа. Несуштинските институции мораа да ги затворат или да ги испратат своите вработени на присилен одмор.
Конгресот на САД требаше да се согласи за нов федерален буџет до крајот на септември, но привремениот буџетски предлог предложен од Републиканската партија на Трамп не го доби потребното мнозинство. Предлогот на демократите претходно беше отфрлен.
фото: принтскрин

