Македонија
Последен ден за пријавување на „Визер – Скопски маратон 2022“
Полека, но сигурно, наближува најголемиот спортски настан за оваа година. Уште 12 дена нè делат од најпознатата скопска трка, „Визер – Скопски маратон“, кој ќе се оддржи по 18. пат.
Сите заинтересирани тркачи, кои сè уште не се пријавиле на настанот, тоа може да го направат уште денес, 20 септември, на официјалната страница на „Визер – Скопски маратон“ http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.
18-тото издание на „Визер – Скопски маратон“ ќе се одржи в недела, 2.10.2022 година, со традиционалните трки кои се дел од оваа спортска манифестација. Оваа година стратот и целта се враќаат на својата претпознатлива локација, стартот ќе биде пред Собранието на Р. Македонија, а целта ќе биде плоштадот Македонија. Поччетокот на маратонот, полумаратонот и на штафетната трка „ЕУ за спорт“ ќе биде во 8 часот, а трката на 5 км ќе почне во 8.10 часот.
Подигнувањето на стратните пакети сите учесници ќе имаат можност да го направат од 29.9.2022 (четврток) до 1.10.2022 (сабота) во „Веро центарот“, од 11 до 19 часот. При подигнување на пакетот тркачите ќе треба да прикажат потврден имејл од пријавата или документ за идентификација.
Секој учесник на „Визер – Скопски маратон“ добива вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на трката, „Визер“, кој може да го користат до наредното издание на маратонот.
„Визер – Скопски маратон“ е во организација на Сојузот на спортовите на Скопје, во соработка со Атлетскиот клуб „Работнички“ од Скопје, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.
Повеќе информации може да се најдат на официјалната страница на маратонот, како и на нивната фејсбук-страница: http://skopskimaraton.com.mk/ и https://www.facebook.com/skopskimaraton
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

