Црна хроника
Се уште непознат идентитетот на детето починато во трафика
Сè уште се утврдува идентитет на момченцето кое што утрово се заглави на покривот од трафиката во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во центарот на Скопје
Момчето немало никакви документи за лична идентификација. Во текот на ноќта влегло во трафиката која веќе три седмици била затворена, со цел да ја ограби.Но при обидот да излезе се заглавил меѓу покривот и отворениот капак за вентилација. Случајот бил пријавен во полиција околу 6.45 часот кога минувачи го здогледале заглавеното момче.Лекари од Брза помош констатирала смрт, а во вадењето на телото интервенирала и противпожарната единица.Од полицијата информираа дека станува збор за момче од ромска националност, но возраста и идентитетот на момчето се уште не е утврден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.