Црна хроника
Четворица загинати во две сообраќајки
Четири лица загинаа во две одделни сообраќајки, едната во Скопје, другата во Велес, соопшти МВР
Утрово во 6:30 часот на патот, село Ржаничино – Скопје во судир на автобус на ЈСП и автомобил „југо“ со скопски регистерски таблици загинаа две лица, а едно е повредено. Според првичните информации, двајцата патници кои се наоѓале во „југото“ починале на лице место, а третото лице кое што било во истиот автомобил се наоѓа во Ургентен центар. Засега нема информации за повредени или загинати патници од автобусот. Полицијата сè уште работи на утврдување на причините за несреќата, како и на идентитетот на лицата. Во сообраќајната несреќа што се случила во Велес билансот на жртвите е ист, двајца загинати и едно повредено лице. Несреќата се случила на локалниот пат Башино село-Велес кога автомобил „киа соул“ со скопски регистерски таблички удрил во дрво пред мостот на Вардар.Автомобилот се превртел, повторно удрил во дрво,а потоа во бетонски столб. Во несреќата загинале дваесет и двегодишниот возач Ване Лазов од Демир Капија и дваесет идеветгодишниот Русе Стојанов од Велес. Повредена е една седумнаесетгодишна девојка, на која и била укажана лекарска помош во градската болница во Велес, по што била пуштена на домашно лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.