Црна хроника
Усмртила соселанка заради меѓусебна нетрпеливост

Триесет и петгодишна жителка на струмичкото село Смоларе нападнала и усмртила 76 годишна соселанка заради нарушени меѓусебни односи, соопшти полицијата.
Настанот се случил во недела околу 20 часот, кога 35 годишната М.С. забележала како 76 годишната Вера Ц. влегува во куќата на нејзината сосетка 91 годишната Д.Н., зела метален предмет-косер и насилно влегла во куќата, по што со металниот предмет и со бекатон тула ја удрила неколку пати Вера Ц. во пределот на главата, нанесувајќи и смртоносни повреди. По ова, М.С. физички ја нападнала и Д.Н. нанесувајќи и повеќе телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот, телото на починатата е предадено за обдукција, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот