Топ
Притвор за кавадарчанка, која свирепо го убила својот партнер
На 28.9.2022, од страна на полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, по преземените оперативни мерки и активности, била лишена од слобода М. Б. (51) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство според чл. 123 од Кривичниот законик.
Имено, на 6.9.2022 година осомничената била во домот на И. М. (70) во Кавадарци, со кого била во љубовна врска, и по вербална расправија, настанала меѓусебна физичка пресметка, во која осомничената со остар предмет му нанела повреди на И. М., а потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото.
По преземените мерки и активности по наредба од Основниот суд во Кавадарци, извршени се претреси во домот на осомничената, при што се пронајдени и одземени предмети што потекнуваат од кривичното дело, а при извршен службен разговор, таа делото го појаснила во целост.
Од ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци против М. Б. е поднесена кривична пријава, а од страна на судија од Основниот суд во Кавадарци одредена ѝ е мерка притвор во времетраење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга
Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од нив физички ја нападнал и ја силувал откако таа паднала во бесознание.
Кривичната пријава е поднесена против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште кој се сомничи за грабнување и полов напад и силување и против 18-годишениот Е.В. од дебарското село Отишани кој се сомничи за грабнување.
Полицијата информира дека жената била грабната од нејзиниот двор со возило ауди кое го управувал Е.В. и однесена во напуштен објект во Струга.
Откако А.Л. ја силувал, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга.
Двајцата сторители се пронајдени и против нив ќе следува кривична пријава.
Топ
Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот
Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.
-Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, појаснија од СВР – Велес.
Топ
Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток
Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа Тик Ток, е расчистен и ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.11.2025 во полициската станица Струмица, 42-годишен маж од струмичко пријавил дека пред околу една недела неговиот малолетен син бил жртва на насилно однесување од страна на четири малолетни лица, кое било снимано и објавено на Тик Ток.
По пријавувањето, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за расчистување на настанот. Инволвираните малолетници биле повикани во полициската станица, каде се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица биле запознаени со случајот. По целосно документирање, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.

