Македонија
(Видео) Ковачки: Како на дете во ран детски развој, СДС му напишаа упатства на Ковачевски како да се однесува на говорница
Како на дете во ран детски развој СДС му напишаа упатства како да се однесува на говорница, а потоа и сам призна дека е неспособен, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки за вчерашниот говор на премиерот Димитар Ковачевски.
„ Ова е соопштение испратено од партијата со неговиот говор, од кое заборавиле да ги избришаат напатствијата кои му пишале во загради, како да се работи за дете во ран развој.
Дезертерот Ковачевски буквално мора да добие инструкции каде во салата седат неговите пратеници и на која страна треба да ја крене раката. Како да се работи за нов терен, којшто неспособниот Ковачевски не го познава и допрва треба да го осознае. Тој вчера од говорница и сам призна дека навистина е неспособен. Но избега да каже кога ќе си поднесе оставка.
Сега откако призна, а бега од оставка, треба да се утврди дали е способен да ја извршува функцијата премиер, со поведување постапка за одземање на деловната способност. Само судска постапка ќе ги разјасни дилемите. А потоа Ковачевски веднаш ќе треба да си поднесе оставка.
Доколку, пак, постапката утврди дека е способен, тогаш се враќаме на почеток дека Ковачевски лажел и дијагнозата трајна неспособност била всушност времена, но тој злоупотребил свои роднини началници во МО да добие дијагноза трајно неспособен за да не треба да оди во војска и да не треба да ја брани државата во 2001 година“ рече Ковачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.