Спорт
Мусијала ги инспирираше Баерн за прекинување на лошата серија
Баерн Минхен, предводен од фантастичниот Џамал Мусијала, стигна до 4:0 победа над Баер Леверкузен во првиот меч од осмото коло на Бундеслигата, за да се прекине лошата серија од четири меча без победа во германскиот шампионат за Баварците.
Несомнено, прва ѕвезда на мечот беше 19-годишниот Мусијала, кој во првото полувреме имаше еден гол и две асистенции за да го реши победникот на мечот. Тој веќе во третата минута му асистираше на Лирој Сане за водство на Баварците, кои играа во својот традиционален дрес за Октоберфест, за о 17. минута и самиот да се запише во листата на стрелците. Доминацијата на тимот на Јулијан Нагелсман беше потврдена во 39. минута, кога Мусијала му асистираше на Садио Мане за 3:0. Капитенот Томас Милер во 83. минута ги постави конечните 4:0 по катастрофалната грешка на голманот на „фармацевтите“, Лукаш Храдецки.
Баерн сега се на второто место во Бундеслигата со 15 поени, два помалку од изненадувачкиот лидер Унион Берлин, додека Леверкузен продолжува со катастрофалниот старт на сезоната – се наоѓаат на 16. место на табелата со само пет поени по осум меча.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-42-42268”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Покетино: ВАР го нарушува имиџот на англискиот фудбал
Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Аргентинецот ова го изјави по натпреварот во Бирмингем, каде на Челси против Астон Вила му беше поништен гол за победа во 95.минута.
Челзи, на „Вила Парк“, губеше со 2:0, се врати во мечот со головите на Мадуеке и Галагер, а во петтата минута од судиското надополнување, по употребата на ВАР технологијата, голот на Аксел Дисаси беше поништен поради прекршок на почетокот на акцијата.
„Ова е болно и го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Мислам дека ниту играчите на Астон Вила, ниту нивните навивачи не разбираа зошто голот е поништен. Судиите рекоа дека е прекршок, а ако на секој таков дуел гледаме како фаул, тогаш ние не би го завршиле натпреварот со 11 играчи. Можеме да зборуваме за играта или за одлуката, таа му штети за на фудбалот“, рече Покетино.
Спорт
(Видео) Два гола и две асистенции, Меси го реши Њу Ингланд
Фудбалерите на Интер Мајами ја продолжија победничката серија во МЛС лигата, а Меси ја продолжи голгетерската серија.
Избраниците на Херардо Тата Мартино славеа над Њу Ингланд со резултат 4:1 на гостински терен, во рамките на 11. коло и ја задржаа лидерската позиција во Источната конференција.
Ова беше шести триумф за Интер сезонава, за него најзаслужен беше Лионел Меси, двоен стрелец и асистент на стадионот „Жилет“ во Фоксборо, Масачусетс.
Аргентинецот на тој начин се проби на првото место на листата на стрелци со девет гола, а воедно е и прв асистент во лигата со осум асистенции.
Гол за гостите постигна и Луис Суарез, а меѓу стрелците се запиша и Американецот Бенјамин Кремаски.
In case you guys missed…here's highlights of Lionel Messi vs New England Revolution | 2 goals and an assist🐐pic.twitter.com/hu4l8fhgvq
— SK10 𓃵🇵🇸 (@SK10_Football) April 28, 2024
Спорт
Порто го смени претседателот по 42 години
Хорхе Нуно Пинто повеќе не е претседател на Порто, а на негово место е избран поранешниот тренер на овој клуб Андре Вилаш Боаш.
Новиот претседател доби дури 80 отсто од гласовите, со што заврши најдолгата претседателска ера во светот на фудбалот.
-„Порто повторно е слободен“, изјави Вилаш Боаш откако беше избран.
Хорхе Нуно Пинто, беше претседател на трофејниот клуб од 1982 година. Кога го презеде, Порто беше далеку зад ривалите од Лисабон (Бенфика и Спортинг) по бројот на национални титули (седум), а 42 години подоцна имаат 30, дури 11 повеќе од Спортинг, а Бенфика е напред со 38.
Покрај тоа, Порто во неговата ера освои дури пет европски трофеи и два Интерконтинентални купа.
Еден од тие пет трофеи како тренер го освои Вилаш Боаш, Лига Европа во 2011. Таа сезона, единствената во која беше тренер на Порто, ја заокружи со сите три домашни трофеи. Потоа ги водеше Челзи, Тотенхем, Зенит, Шангај СИПГ и Олимпик од Марсеј.