Македонија
(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен и дека заедно со кумот ја основал фирмата „Пиксел груп“ за да вртат милионски суми државни пари.
Премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања, денес на свеченоста за првиот академски час годинава побара извинување од ВМРО-ДПМНЕ и најави тужба.
„Јас сум веќе две недели под константни напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ и тоа со конструкција на најдолни лаги. Во однос на првата се обратив на Собранието, каде што точно можеа да чујат сите граѓани, а во однос на оваа сметам дека треба да се извинат затоа што јас 22 години сум работел во приватниот сектор на најтранспарентен и најзаконски начин. Не може да прават конструкции од тоа како функционираат компании што се независни во своето работење и кои функционираат врз основа на закони. Дали тоа значи дека ќе има тужби или не, тоа не може да зависи од мене, јас не сум ниту правник ниту адвокат, но сепак сметам дека тоа треба да го направат бидејќи конструирале лаги“, рече премиерот Ковачевски.
Тој смета дека лагите и конструкциите што се прават за него овие две недели се пуштаа за да се тргне вниманието на јавноста, која бара одговори за тоа што се случувало со тендерот од 136 милиони евра во скопски „Водовод“, оти неговата партија го обвинила токму лидерот Христијан Мицкоски.
„Ниту јас го обвинив ниту СДСМ го обвини. Него го обвини ВМРО-ДПМНЕ, партијата во која е претседател, затоа што градоначалникот на Скопје е од ВМРО-ДПМНЕ. Данела Арсовска ја чекаа со трубачи во ВМРО-ДПМНЕ, не ја чекаа во СДСМ со трубачи. На митинзи кој ја фалеше?“, рече премиерот кога новинарите му забележаа дека официјално градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, беше независен кандидат, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
На митинзи кој ја фалеше?“, рече премиерот кога новинарите му забележаа дека официјално градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, беше независен кандидат, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот Ковачевски во Собранието објасни дека не служел војска оти имал абдоминални проблеми, а обвинувањата за компанијата „Пиксел“ смета дека се конструкција оти тој се повлекол од неа кога стапил на функција, а бил исклучително горд за создавање на компанијата за производство на фотоволтаични модули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Паркинг ќе се плаќа без пораки, јавен превоз без картички, музеј и жичарница без редици, Ѓорѓиевски претстави нова паметна картичка за Скопје

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, презентираше нова картичка со која сите услуги што ги нуди градот ќе бидат достапни на едно место. Проектот „Скопје сити гоу- паметна картична“ е наменет пред се на младите со цел Скопје да стане вистински модерен европски град што ќе нуди едноставни, практични и паметни решенија за сите граѓани.
„Ова е еден од проектите со кој особено се гордеам, Скопје сити гоу – паметна картичка со која сите услуги што ги нуди Градот ќе бидат достапни на едно место. Наместо десетици различни карти, апликации и плаќања, секој граѓанин ќе има една унифицирана и дигитална алатка. Јавен превоз – едноставен пристап без редици, готовина и посебни картички. За младите ова значи повеќе мобилност и слобода. Паркинг без пораки, автомати и губење време. Брзо и практично решение преку самата картичка. Културни и забавни содржини – музеите, кината, театрите, жичарата и зоолошката градина ќе бидат достапни преку едно средство“, најави Ѓорѓиевски.
Картичката „Скопје сити гоу“ Ѓорѓиевски вели дека ќе биде симбол и на социјална еднаквост.
„Средношколците, семејствата со ниски примања, пензионерите, невработените и лицата со попреченост ќе ја добијат бесплатно. За нив, услугите ќе бидат бесплатни или со драстично намалени цени. Никој нема да биде изоставен“, вели градонаалникот Ѓорѓиевски.
Картичката тој очекува да има вредност и надвор од јавниот сектор, одноно општествено одговорни компании ќе овозможат преку неа дополнителни услуги и поволности.
Предвидено е „Скопје сити гоу“ да биде достапна и како мобилна апликација, но и како физичка картичка за оние кои ја преферираат класичната форма, а секој, без разлика на возраста и технолошките навики, ќе може лесно да ја користи.
„Ова е визија за поинакво Скопје, град кој им штеди време и пари на своите жители, кој се грижи за младите и за ранливите категории, и кој ја користи технологијата за да им служи на луѓето. Со ’Скопје сити гоу’ започнуваме ново поглавје – модерно, дигитално и европско Скопје“, рече Ѓорѓиевски.
Македонија
Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска со пожарот што избувна во Трубарево, а за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.
Станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две фирми, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишен раководител на подружница и 59-годишен вработен во правно лице. Воедно се испитува потенцијалната одговорност и на други лица.
Во текот на денот јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање докази, по кои сè уште постапуваат надлежните органи. Се очекуваат и резултатите од мерењата на загадувањето што ги спроведува Министерството за животна средина.
Македонија
Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што истакна, врз песочната покривка се фрла специјална пена со цел целосно сопирање на чадењето и спречување на повторна појава на пожар.