Свет
Ен-би-си: Бајден ја објави својата кандидатура за втор мандат на претседателските избори во 2024 година

Американскиот претседател Џозеф Бајден во приватен разговор најавил дека ќе се кандидира за втор мандат на следните претседателски избори во 2024 година, објави американската телевизија „Eн-би-си њуз“.
Американскиот претседател минатиот месец во приватен разговор во Белата куќа му рекол на црниот баптистички свештеник и активист за човекови права Ал Шарптон дека ќе бара втор мандат, дознава американската телевизија.
Шарптон, политичар и водител на емисијата Ен-би-си, го информирал персоналот на неговата организација, Националната акциона мрежа во Вашингтон подоцна истиот ден, според американската телевизија.
Иако сојузниците на Бајден рекоа дека ќе бара реизбор, тој не сакаше да го каже тоа недвосмислено, а неговите изјави за Шарпон на крајот од средбата со лидерите на неколку од најистакнатите организации за човекови права претставуваат најсилното тврдење досега дека тој повторно ќе биде кандидат на претседателските избори, пренесува „Танјуг“.
Во 2020 година гласањето на Афроамериканците беше клучно за враќањето на Бајден на демократските прелиминарни избори, што му овозможи да освои клучен глас во Јужна Каролина откако не успеа да го освои првото место на првите три трки во Ајова, Њу Хемпшир и во Невада, според Ен-би-си.
Три дена подоцна поддршката на Афроамериканските гласачи му помогна на Бајден да обезбеди мнозинство делегати пред конвенцијата на Демократската партија во јули, каде што ја доби претседателската номинација на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Хутите испукаа ракета кон Израел, соборена е

Израелските сили пресретнаа балистичка ракета испукана од Хутите во Јемен кон Израел, соопштија воени претставници, според „Тајмс оф Израел“.
Нема извештаи за штети или повредени. Сирени се огласија во централен Израел, областа Ерусалим и неколку населби на Западниот Брег.
The Israel Defense Force reports the successful interception earlier of a ballistic missile fired by the Iranian-backed Houthi terrorist group in Yemen at Central Israel. pic.twitter.com/7I64NV7f0D
— OSINTdefender (@sentdefender) September 16, 2025
Ракетниот напад се случи кратко откако израелските воздухопловни сили го бомбардираа пристаништето Ходеида во западен Јемен, контролирано од Хутите, како одговор на претходните напади врз Израел.
Од 18 март, кога израелската војска ја продолжи својата офанзива против Хамас во Појасот Газа, Хутите во Јемен испукаа 84 балистички ракети и најмалку 37 беспилотни летала кон Израел.
Свет
(Видео) Трамп постави барања до Европа и до Зеленски, само од Путин не бара ништо

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Европската Унија да престане да купува нафта од Русија поради војната во Украина и му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека мора да постигне мировен договор со Владимир Путин.
Трамп ги опиша постојните европски санкции како недоволни и ги повика сојузниците во НАТО да воведат санкции врз Кина поради нејзината поддршка за Русија. Интересно е што, за разлика од Европа и Зеленски, тој не постави никакви барања до рускиот претседател Владимир Путин.
.@POTUS: "Zelensky's going to have to make a deal, and Europe has to stop buying oil from Russia." pic.twitter.com/FNpw1WMnBQ
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) September 16, 2025
Порака до Зеленски и Европа
Во разговор со новинарите денес, Трамп ги повтори своите барања до Украина и Европа. „Зеленски ќе мора да склучи договор. И Европа мора да престане да купува нафта од Русија“, рече Трамп, нагласувајќи дека украинскиот претседател мора да постигне мировен договор со рускиот претседател Владимир Путин.
Изјавите доаѓаат само еден ден откако тој рече дека не сака европските нации да продолжат да купуваат нафта од Русија и ги критикуваше нивните санкции како „не доволно строги“.
„Санкциите мора да бидат построги“
Трамп ја повтори својата долгогодишна загриженост за војната во Украина и неговата желба да посредува во мировен договор меѓу Москва и Киев.
„Европа купува нафта од Русија. Не сакам тие да купуваат нафта – а санкциите што ги воведуваат не се доволно строги. Јас сум подготвен да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите санкции пропорционално на она што го правам“, рече тој.
Свет
Ердоган: Нетанјаху е како роднина на Хитлер

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради израелскиот напад од минатата недела врз преговарачкиот тим на Хамас во Катар, велејќи дека Нетанјаху идеолошки е како братучед на Хитлер.
„Исто како што Хитлер не можеше да го предвиди поразот што го чекаше, Нетанјаху ќе се соочи со истата крајна судбина“, додаде тој по враќањето од Доха, каде што присуствуваше на вонреден арапско-исламски самит по израелскиот воздушен напад.
Ердоган го нарече нападот врз преговарачкиот тим на Хамас јасен предизвик за меѓународниот поредок и меѓународното право. Тој тврдеше дека израелското раководство „го претворило својот радикален начин на размислување во ништо повеќе од убиствена мрежа изградена врз фашистичка идеологија“.
Ердоган истакна дека усвојувањето на Њујоршката декларација за решението со две држави од страна на Генералното собрание на ОН претставува голема пресвртница во дипломатскиот пејзаж на палестинското прашање. Декларацијата беше одобрена од 142 земји, а Ердоган нагласи дека таа ја одразува долгогодишната поддршка на Турција за решението со две држави, кое сега стана заедничка волја на светското мнозинство.
Осврнувајќи се на неколку западни земји кои неодамна го објавија своето признавање на Палестина, тој предвиде дека ова ќе изврши дополнителен притисок врз Израел. Тој изрази надеж дека „фронтот на човештвото“ ќе добие поширока поддршка на претстојното Генерално собрание на ОН.