Европа
Украинците објавија инструкции – што да се прави во случај на нуклеарен напад

Украинскиот центар за стратешка комуникација и информациска безбедност на Украина објави инструкции за граѓаните што да прават во случај на нуклеарен напад.
Од Центарот наведуваат дека во случај на користење на т.н. валкани бомби забрането е земање препарати на база на јод бидејќи тој може да предизвика непоправлива штета на организмот.
Според познавачите, таканаречените валкани бомби се оружје што комбинира радиоактивен материјал со конвенционални експлозиви.
Центарот наведува и како да се земаат таблети со јод во случај на напад: доза од 16 mg се препорачува за бебиња до еден месец, доза од 32 mg за деца на возраст од една до три години и доза од 62,5 mg за оние до 12 години. Се препорачува тинејџери, бремени жени, доилки и возрасни под 40 години да земаат 125 mg.
„Ако ве зафати нуклеарна експлозија во стан, погрижете се воздухот однадвор да не влегува во просториите на куќата. Затворете ги сите прозорци, врати, отвори за вентилација, исклучете ги клима-уредот и греењето. Доколку е можно, преместете се во просторија без прозорци“, се наведува во препораките.
Се препорачува граѓаните да останат во засолништа 24 часа, освен ако поинаку не е препорачано од властите.
„Не јадете и не допирајте ништо што може да биде радиоактивно контаминирано“, се додава во напишаното.
Исто така, не се препорачува да се пие вода од чешма додека не стигне известување дека тоа е безбедно.
Доколку граѓаните се на отворено во моментот на нападот, може да забележат блесок на небото и им се советува да не гледаат во таа насока бидејќи тоа може да предизвика изгореници на рожницата, слепило и изгореници на очите.
„Запрете го автомобилот на безбедно место на страната на патот, затворете ги вратите и прозорците, блокирајте го влезот на воздух. Ако е можно, заштитете ги ушите со слушалки. Покријте ги устата и носот со маска или крпа и дишете низ неа додека не сте во засолниште“, се советува.
Се препорачува граѓаните да побараат засолниште во случај експлозијата да ги најде на отворено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.
„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.
Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.
Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.
Европа
Сајбер-напад предизвика проблеми на европските аеродроми

Сајбер-напад насочен кон давател на услуги за системи за пријавување и качување во авион го наруши работењето на неколку европски аеродроми, предизвикувајќи одложувања и откажувања на летови на аеродромите во Брисел и Берлин, соопштија операторите.
Нападот ги оневозможи автоматизираните системи за пријавување и качување во авион, принудувајќи го оперативниот тим на аеродромот да премине на рачни процедури, што значително го забави процесот, се вели во соопштението на аеродромот во Брисел, објави Ројтерс.
Како што е наведено, сајбер-нападот имаше големо влијание врз распоредот на летовите, а патниците беа предупредени да очекуваат одложувања.
Давателот на услуги наведува дека активно работи на решавање на проблемот и враќање на системот во функција.
„Поради технички проблем со давател на систем кој работи низ цела Европа, има подолго време на чекање за пријавување. Работиме на брзо решавање на проблемот“, соопшти аеродромот во Берлин на својата веб-страница.
Аеродром Франкфурт, најголемиот во Германија, не беше засегнат и функционира нормално.
Засега не е познато кој стои зад нападот.
Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција повеќе од една недела откога Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува разгранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на „Икс“.
Минатата недела Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин