Свет
Путин заминал во бункер од каде ги носи клучните одлуки, го предупредил и семејството

Рускиот претседател Владимир Путин наводно подготвува клучни одлуки за можен нуклеарен напад во бункер далеку од Москва, јавуваат западните медиуми.
Според медиумите, Путин, кој в петок ќе го прослави својот 70. роденден, ги предупредил членовите на семејството, вклучително и неговата наводна партнерка Алина Кабаева (40) дека постои можност за брза евакуација.
„Дејли мејл“ пишува, повикувајќи се на изјавите на телеграмскиот канал „Генерал СВР“, дека Путин верува дека е безбеден во бункерот од можни напади на западните земји, а главните менаџери на неговиот кабинет и безбедносниот апарат ќе бидат префрлени на тајна локација.
Овој канал тврди дека кружат информации дека Путин има акутни здравствени проблеми, но и покрај овие наводи, нема потврда за тоа, за што своевремено зборуваше и шефот на ЦИА.
Се претпоставува дека Путин има неколку бункери во Сибир, вклучувајќи еден во Јамалија и друг во планините Алтај.
„ Семејствата и пријателите на шефот на државата ќе бидат префрлени порано во бункерот“, се наведува на телеграмскиот канал „Генерал СВР“.
„Дејли мејл“ понатаму наведува дека Путин наводно наредил евакуација на „неопходниот минимум“ на руското раководство во случај на нуклеарна закана.
„ Ова ги вклучува премиерот Михаил Мишустин, претседателот на парламентот Вјачеслав Володин, јавниот обвинител, членовите на Советот за безбедност, но не и поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, како и клучните луѓе од неговата администрација и трите безбедносни и разузнавачки служби – ФСБ, ФСО и СВР со нивните семејства“, пишува овој портал.
Се претпоставува дека Министерството за одбрана има бункери на планините Урал. Има информации и дека ќе бидат евакуирани ќерките на Путин, Марија Воронцова (36) и Катерина Тихонова, заедно со нивните партнери и деца. Луиза Розова (19), за која се шпекулира дека е вонбрачна ќерка на Путин, наводно не била поканета во бункерот, а ниту неговиот син од претходната врска.
Розова е ќерка на мултимилионерката Светлана Кривоногих (47), која наводно поседува дел од Руска банка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп

Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
– Иран и Израел треба да постигнат договор – и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп.
Тој додава дека во моментов се одржуваат многу разговори и состаноци.
– Наскоро ќе имаме МИР меѓу Израел и Иран! Работам напорно и никогаш не ги добивам заслугите, но тоа е во ред, луѓето разбираат. Да го направиме блискиот Исток повторно голем“, нагласува Трамп.
Свет
Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да се спречи конфликтот меѓу Израел и Иран да го запали целиот регион.
– Претседателот Ердоган ја поздрави денешната изјава на претседателот Трамп за решавање на конфликтот меѓу Израел и Иран и ја нагласи потребата од итно дејствување за да се спречи катастрофа што би можела да го запали целиот регион, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.
За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, втор во последните 24 часа, „претседателот Ердоган потврди дека спиралата на насилство предизвикана од израелските напади врз Иран предизвика непоправлива економска и цивилна штета на двете страни и дека оваа опасна ескалација треба да се запре“, се додава во соопштението.
Ердоган, исто така, му соопштил на Трамп дека може да ја преземе улогата на медијатор за решавање на конфликтот, откако претходно и рускиот претседател Владимир Путин изрази потготвеност за посредување меѓу Израел и Иран.
Свет
Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и други локации во централен Израел се објавени тревоги, а сирените се огласија и на северот од земјата.
Израелското Министерство за национална безбедност ги повика граѓаните да останат блиску до засолништата и бункерите.
Секое движење на јавни места треба да се сведе на минимум и да се избегнуваат јавни собири. Овие наредби ќе останат во сила додека не се објави ново известување, соопштија израелските власти.
Ова е прв пат од почетокот на конфликтот Иран да изврши дневен напад врз Израел. Досега сите напади беа изведувани во текот на ноќта