Свет
(Видео) Бајден повторно се изгуби, предизвика загриженост за неговото здравје

Здравствената состојба на шефот на Белата куќа Џо Бајден за време на неговото официјално патување во Порторико уште еднаш го привлече вниманието на корисниците на интернет. Коментарите се појавија под објавата на Републиканскиот национален комитет (РНЦ) на Твитер.
Во објавеното видео, се гледа како Бајден оди заедно со сопругата и наеднаш застанува и гледа надолу како да бара нешто, а потоа збунето гледа наоколу. Корисниците се прашуваа дали претседателот е добро, изразувајќи загриженост за неговото здравје.
Everything okay, Big Guy? pic.twitter.com/AZZFw1epwo
— RNC Research (@RNCResearch) October 3, 2022
„ Тој никогаш не знае каде да оди или како да се симне од бината. Неговата тајна служба му кажува каде да оди и каде да стои пред настанот за да знаат каде да одат за да го заштитат”, напиша еден корисник.
„ Дали знае каде е? Молете се за него, потребно му е тоа“, повика друг корисник.
„ Мислам дека се обидува да го најде крстот каде што му е кажано да стои“.
„ Изгледа само што влегол во собата и се запрашал: ‘Зошто дојдов овде? ‘ Тоа им се случува на сите, но тој е прилично конзистентен“, се дел од коментарите.
Бајден и неговата сопруга Џил вчера го посетија Порторико, кој беше тешко оштетен од ураганот Фиона. Природна катастрофа ја остави целата територија на државата без струја.
Претходно Бајден направи грешка со што им се заблагодари на американските војници за нивната себичност во војната на Блискиот Исток. А за време на посетата на Израел, направи гаф за холокаустот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

Жестоки судири синоќа избувнале на границата меѓу Пакистан и Авганистан, откако талибанците извршиле напад врз пакистански воени пунктови, јавуваат светските медиуми.
Екслацијата, како што пишува „Гардијан“ повикувајќи се безбедносни претстаници од двете земји, доаѓа по воздушниот напад што пакистанските сили го извршија оваа надела. Силите на талибанскиот режим во Авганистан, како одмазда вчера почнале со напади врз пакистанските трупи долж границата, тврдејќи дека зазеле два гранични пункта во јужната провинција Хелманд, информација што ја потврдиле локалните власти.
Пакистанските безбедносни претставници ги потврдиле судирите со талибанците на неколку гранични локации, наведувајќи дека нивните сили возвратиле енергично.
„Вечерва, талибанските сили почнаа да пукаат кон неколку гранични точки. Ние возвративме со артилерија на четири локации по должината на границата. Нема да толерираме никаква агресија од авганистанските талибанци на нашата територија. Пакистанските сили одговорија со силен оган, ефикасно таргетирајќи неколку авганистански гранични пунктови“, изјавил претставник на пакистанската влада за „Гардијан“.
Пакистанската армија, како што се наведува, употребила артилерија, тенкови, како и лесно и тешко оружје во своите контранапади.
Ескалацијата доаѓа откако во четвртокот беа пријавени две експлозии во авганистанскиот главен град Кабул и уште една во југоисточен Авганистан. Министерството за одбрана, управувано од талибанците, го обвини Пакистан за кршење суверенитетот на земјата во врска со овие два напади.
Свет
Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

Американскиот претседател Доналд Трамп утре изутрина ќе се сретне со роднини на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, по што ќе одржи говор во Кнесетот.
Белата куќа соопшти дека Трамп ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик подоцна утре на „мировна церемонија за Блискиот Исток“ по повод договорот што го посредуваше меѓу Израел и Хамас.
Според распоредот на Белата куќа, „Ер форс уан“ треба да тргне од Вашингтон денеска попладне и да слета во израелскиот крајбрежен град Тел Авив утре во 9:20 часот по локално време.
Потоа се очекува Трамп да одржи говор во Кнесетот, израелскиот парламент, во 11 часот, по средбата со семејствата на заложниците во рамките на Кнесетот.
Во 13 часот американскиот претседател ќе отпатува за Египет, со пристигнување во Шарм ел-Шеик во 13:45 часот. Мировната церемонија е планирана да почне во 14:30 часот, според распоредот.
Се очекува Трамп да замине подоцна истиот ден и да се врати во Вашингтон.
Свет
Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац, изјави дека и наредил на израелската армија (ИДФ) да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас во Појасот Газа.
– Главниот предизвик за Израел по фазата на враќање на заложниците ќе биде уништувањето на сите терористички тунели на Хамас во Газа – директно од страна на ИДФ и преку меѓународен механизам што ќе се воспостави под водство и надзор на САД, напиша тој на Х.
– Ова е основното значење на спроведувањето на договорениот принцип за демилитаризација на Газа и разоружување на Хамас, изјави Кац, додавајќи дека „и наредил на ИДФ да се подготви за извршување на задачата.“
Не е јасно како ИДФ ќе ги уништи тунелите на Хамас во деловите на Газа што не се под контрола на армијата според договорот за прекин на огнот.