Европа
Путин со нова наредба: Нуклеарната централа „Запорожје“ да биде ставена под руска контрола
Рускиот претседател Владимир Путин нареди нуклеарната централа „Запорожје“ да биде ставена под руска контрола, пренесуваат медиумите во регионот.
Во декретот, на Владата на Русија ѝ се наложува: а) да обезбеди усвојување на федерална сопственост на објектите за користење на атомската енергија на нуклеарната централа „Запорожје“ и други средства неопходни за спроведување на нејзините активности; б) да преземе мерки за создавање федерално државно унитарно претпријатие „Запорошка нуклеарна централа “ со цел безбедност на капацитетите за атомска енергија на нуклеарната централа „Запорожје“.
Путин според написите потпишал и указ за објавување на текстот на Уставот на земјата со амандмани по спојувањето на Луганската и Доњецката народна република, Херсонската и Запорожската Област на Русија. Документот е објавен во средата на официјалниот интернет портал за правни информации. Уредбите ќе стапат на сила на денот на потпишувањето, 5 октомври, додаваат агенциите.
На 30 септември рускиот претседател им се обрати на граѓаните по референдумот во ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје, по што потпиша договори со шефовите на двата региона за прием на регионите во Русија.
Нуклеарната централа „Запорожје“ се наоѓа на левиот брег на реката Днепар, во близина на градот Енергодар. Таа е најголемата нуклеарна централа во Европа по бројот на единици и капацитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.