Топ
(Видео) Напад врз Киев, серија експлозии во главниот град на Украина

Рано утринава украинската престолнина Киев повторно беше цел на ракетни напади, објавија светските агенции. Според нив, во внатрешното градско јадро одекнале пет силни детонации.
Засега нема информации за целта на нападот и дали има загинати или повредени.
BREAKING: Multiple explosions rock central Kyiv pic.twitter.com/FmiEUBfPsR
— BNO News (@BNONews) October 10, 2022
Серија експлозии го потресоа украинскиот главен град Киев, пишува „Гардијан“, повикувајќи се на локални медиуми и регионални претставници. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, нешто по 8:30 часот по локално време со изјава на својот канал „Телеграм“, кога ја потврди веста за експлозиите.
#BREAKING: Russian strikes reported in central Kyiv. pic.twitter.com/vWHLgn6egK
— UA News (@UrgentAlertNews) October 10, 2022
„Неколку експлозии се слушнаа во областа Шевченков, во центарот на главниот град“, рече Кличко.
Најмалку четири експлозии се слушнале во Киев, според локалните медиуми, околу 8:30 часот, додека од центарот на градот можел да се забележи густ чад, пишува „Киев индепендет“.
„Гардијан“ јавува, повикувајќи се на јавниот радиодифузен сервис „Суспилна“, дека една експлозија се слушнала и во близина на железничката станица. Во градот е прогласена тревога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако првата фаза на прекинот на огнот стапи во сила претходниот ден.
– Повеќе од половина милион лица се вратиле во Газа (Сити) од вчера, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана, службата за спасување која работи под надлежност на Хамас.
На снимки објавени од светските медиуми се гледаат Палестинци кои се враќаат во градот Газа, многумина од нив веејќи палестински и египетски знамиња.
Македонија
Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15:15 до 16:15 часот, се додека не започне судењето.
Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 март, од 26. „Марш за ангелите“ одржан денеска пред Основниот суд во Кочани, испровоцирани од тоа што, според нив, адвокати на осомничените изјавиле дека судењето ќе трае 10 до 15 години.
– Оваа изјава е срамна и понижувачка за семејствата чии деца ги загубија животите во трагедијата. Таквите зборови звучат како обид да се подготви јавноста за бавно одолговлекување и заборавање. Ние тоа нема да го дозволиме, рече мајка на загинато девоче пред новинарите.
Родителите на настраданите бараат да се зголеми капацитетот на судскиот состав со дополнителни судии и судски соработници за да не се одолговлекува процесот поради недостаток на ресурси. Исто така, нагласија, рочиштата мораат да добијат приоритет и постојано темпо, со цел постапката да тече непречено и без непотребни одложувања. Тие се сомневаат во манипулации или скриено забавување на судскиот процес, бараат јавно и транспарентно следење на сите процесни активности.
-Правдата не смее да се влече. Ќе бидеме тука – на кружниот тек, се додека не почне судењето, а за понатаму зависи како ќе се одвиваат работите. Животот на едно дете вреди повеќе од нечии интереси и адвокатски игри, порачаа членови на семејства што загубија свои блиски во мартовскиот пожар во „Пулс“.
Денешниот 26-ти „Марш за ангелите“ во Кочани, вообичаено започна од „Паркот на Револуцијата“ каде и заврши. Попатно, петнаесетина минути беше блокиран сообраќајот на кружниот тек пред двојниот мост, токму на местото каде што од утре па натаму се најавуваат јавни собири и блокади.
Топ
18 килограми злато украле разбојниците снимени додека ја ограбуваат златарницата во Гостивар

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарницата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра.
Разбојниците по кражбата побегнале со патничко возило БМВ без регистарски таблички кое потоа е пронајдено опожарено на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово.
– Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење на увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, велат од Министерството за внатрешни работи.
Кражбата е пријавена во полиција вчера во 18:45 часот.