Европа
(Видео) Авион „Боинг 747“ по полетувањето го изгуби тркалото

Товарниот „Boeing 747 LCF Dreamlifter“, кој утрово полета за Чарлстон (САД), остана без едно тркало и заврши во близина на аеродромската писта, пишуваат медиумите.
Според написите, тркалото било пронајдено од страна на лозар кој го пронашол во земја.
1992 built and 2010 converted Boeing 747-4H6(LCF) Dreamlifter lost a wheel in the act of take off from Taranto-Grottaglie Airport (TAR/LIBG), Italy on the way to Charleston International Airport (CHS/KCHS), SC few hours ago.
???? La Gazzetta del Mezzogiorno#aircraft #safety pic.twitter.com/rkDIzfXDJ3
— FL360aero (@fl360aero) October 11, 2022
Авионот, кој полетал од аеродромот Арлота ди Гротаље, веќе бил во воздух кога го изгубил тркало, кое паднало прво во пределот на аеродромот, скокајќи неколку пати, а потоа во лозје.
Според информациите, авионот го продолжил летот без никаков ризик од проблеми со слетувањето, пренесува „Анса“.
Аматерската снимка најдобро го документира она што се случило и брзо стана вирално на Фејсбук, стои во написите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германија и Белгија против запленувањето на средствата на руската централна банка во ЕУ

Германија и Белгија не се заинтересирани за идејата за запленување на средствата на руската централна банка кои моментално се замрзнати во рамките на Европската Унија.
Канцеларот Фридрих Мерц и белгискиот премиер Барт де Вевер се согласија по ова прашање за време на состанокот во Берлин.
„Од правна гледна точка, не е толку едноставно“, рече Де Вевер.
Мерц, исто така, предупреди на негативното влијание врз пазарите на капитал. Може да се случи тогаш и другите земји да ги повлечат своите државни средства.
Според Европската комисија, околу 210 милијарди евра средства на руската централна банка се замрзнати во ЕУ поради инвазијата на Украина.
Приходите од камата сега се користат за финансирање на оружје и муниција за Украина.
Сепак, предлозите за директно користење на парите преку налози за експропријација се контроверзни.
Де Вевер се залага за одржување на сегашниот пристап, кој користи само камата на замрзнатите средства на централната банка.
„Тоа е како гуската што ги снесува златните јајца“, објасни тој. „Треба да ја задржиме оваа гуска.“
Само кога ќе се договори мировен договор меѓу Русија и Украина „гуската може да се стави на маса“, заклучи белгискиот премиер.
фото: принтскрин
Европа
(Фото) Украински дрон се урна во Естонија

Украински борбен дрон се урна во Естонија, соопштија властите денес, во инцидент за кој се верува дека се случил во недела наутро.
„Тоа беше украински дрон кој нападна руски цели. Нема докази дека станува збор за руски дрон“, изјави Марго Палосон, раководител на естонската Служба за внатрешна безбедност, за естонското радио ЕРР. Според извештаите, ова е прв ваков инцидент во Естонија.
A Ukrainian military drone veered off course and crashed in Estonia. Authorities say they have no claims against Ukraine.
Wreckage and a blast crater were found in Tartu County. According to officials, the drone was likely Ukrainian.
Margot Pallonen, head of the Internal… pic.twitter.com/YHvhI0bw3a
— NEXTA (@nexta_tv) August 26, 2025
Украина нападна руски терминал за нафта и гас во балтичкото пристаниште Уст-Луга, во близина на естонската граница, во саботата навечер. Во понеделник, земјоделец во округот Тарту во Естонија пронашол остатоци од борбен дрон на својата нива, рече Палосон. Исто така, бил видлив кратер од експлозија.
Не е јасно дали дронот дошол од латвискиот или рускиот воздушен простор. Употребата на дронови во војување може да претставува закана за соседните земји.
Во последните месеци, руски дронови влегоа во воздушниот простор на Полска, Литванија и Латвија преку Белорусија, руски сојузник. Слични инциденти се пријавени во Романија и Молдавија.
фото: принтскрин
Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин