Македонија
Нови 28 заразени со ковид, нема починати
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 278 тестови, а регистрирани се 28 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 24, Велес – 2, Куманово и Гевгелија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (28), регистрирани се 7 реинфекции.
Регистрирани сe 39 оздравени пациенти од: Скопје– 22, Прилеп- 5, Куманово- 4, Битола– 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица, Гевгелија и Неготино– по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.
Направени се 278 тестови: ИЈЗ-58, ЦЈЗ Скопје-56, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-3, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-0, Жан Митрев (Филип Втори)-4, Авицена-0, Биотек-4, Систина-1, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-3, Никоб лаб-6, ВФВ Медикал-2, Ели медика плус-0, Спектра-ММ-0, Рапид лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб дијагностика–0, Рамус-0, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 144.
Досега во земјата се направени вкупно 2.174.919 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.462, бројот на оздравени пациенти е 333.611, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 300.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 161830, Активни 221
Куманово 18233, Активни 11
Битола 17956, Активни 14
Прилеп 15507, Активни 8
Тетово 14472, Активни 2
Кавадарци 12087, Активни 3
Велес 10807, Активни 9
Охрид 10315, Активни 8
Гостивар 10275, Активни 0
Струмица 8781, Активни 2
Штип 8761, Активни 6
Кичево 6075, Активни 1
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5172, Активни 1
Гевгелија 4882, Активни 1
Неготино 4146, Активни 2
Ресен 3031, Активни 2
Радовиш 2836, Активни 1
Свети Николе 2795, Активни 1
Крива Паланка 2660, Активни 0
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1875, Активни 1
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1478, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1131, Активни 3
Богданци 1101, Активни 0
Крушево 1038, Активни 1
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 800, Активни 2
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција
Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска.
Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот четиригодишен мандат за кој беше избрана во 2021 година.
Македонија
Професори од четири европски држави во посета на Собранието
Во рамките на Еразмус+ проектот „Уметничко патување кон зелена иднина“ (Artistic Journey to Green Future), денес Собранието на Република Северна Македонија го посетија професори од сите нивоа на образование од Хрватска, Турција, Малта и Шпанија.
Посетата беше организирана во соработка со Фондацијата – Меморијален центар „Никола Кљусев“. Од страна на Нена Неновска – Ѓорѓиевска од Фондацијата, пратениците беа запознаени со активностите и целите на проектот, по што следеше дискусија за темите што ги обединуваат образованието, уметноста и заштитата на животната средина.
Гостите имаа можност, покрај организираната обиколка на зградата на Собранието, да се сретнат и да разменат искуства со пратениците Велика Стојкова Серафимовска и Тони Јаревски, членови на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени.
Во отворен разговор, тие дискутираа за состојбите со животната средина, заштитата на водите, почвата и воздухот, како и за третманот на цврстиот отпад и другите предизвици во оваа област. Пратениците ги запознаа гостите и со работата на неформалната „Зелена група“ во Собранието, која се залага за унапредување на еколошките политики и зајакнување на јавната свест за климатските прашања.
Во текот на средбата беа поставени бројни прашања и споделени примери од практиките во различни европски земји, со заедничка порака дека одржливиот развој и заштитата на природата се заедничка одговорност.
Посетата претставува уште еден пример на успешна соработка меѓу образовните институции и Собранието, како и на важноста од интеркултурен дијалог и споделување на искуства во насока на зелена иднина.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Христо Смирненски 13
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул.Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

