Црна хроника
Приведен скопјанец, кај него бил пронајден близу еден килограм кокаин
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/3-1-2.jpg)
Денеска во Скопје полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Г.Ј.(37) од Скопје.
При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, во хаварисано возило во дворот, биле пронајдени и одземени близу еден килограм кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Масовна тепачка пред маркет во Брвеница, шестмина уапсени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/tepacka.jpg)
Вчера во 18.45 часот во Тетово, на патот за тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(49) и С.Л.(19) од тетовска Мала Речица, Г.Ц.(52) од Тетово и М.А.(28) и Ф.М.(44), двајцата од Република Косово, а во 19.40 часот во Клиничка болница Тетово и С.Р.(29) од Мала Речица, кои околу 18.30 часот пред маркет на улица „Брвенечка кривина“, по вербална расправија, започнале физичка пресметка во која користеле и тврди предмети, извести МВР.
„Според пријавеното, во текот на пресметката било оштетено и патничко возило „БМВ“ со косовски национални ознаки, управувано од 44-годишната Ф.М.“, соопшти МВР.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против сите инволвирани лица ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се преврте кајак во Охридското езеро, двајца малолетници спасени со полициски чамец
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/ohridsko-ezero-meteo.jpg)
Денеска во 09.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица, извести СВР Охрид.
По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од плажата, забележани се двете малолетни лица кои на себе имаа појаси за спасување. Тие со полицискиот чамец се префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош, соопшти СВР Охрид.
Црна хроника
Маж му се заканувал на доктор од Градската општа болница, полицијата го расчистува случајот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/336599424_199052072825862_6965791512593143654_n.jpg)
Денеска во 04.01 часот во СВР Скопје, 40-годишниот Н.Л. од село Бузалково, велешко, пријавил дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде работел како лекар, Ј.М. почнал агресивно да се однесува, а потоа му упатил и закани, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.