Контакт

Македонија

(Видео) Рашковски со три пораки до јавноста: Не барам да ми верувате на збор

Објавено пред

Зоран Заев како премиер бил запознаен дека се набавува софтвер за определување просечна брзина во сообраќајот и изрекување казни. Обвинителството има докази со кои се побива нивниот став дека немало технички прием на софтверот, како и одлука за негова набавка. Тезата дека софтверот е набавен за МВР е неточна. Ова се неколкуте тези на ексгенералниот секретар Драги Рашковски, кој останува на ставот дека сето ова ќе го докаже со документи. Според него и неговиот адвокатски тим, потврдно е дека не е направена никаква штета на буџетот, како што посочува Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

„Имате изјава на премиерот во која вели дека е запознаен со набавката. Уште повеќе што ќе може да ви го доставиме доказот 376. Премиерот писмено се има изјаснето кога Државното правобранителство побара да се изјасни. Премиерот вели дека сѐ е набавено за потребите на Владата, сѐ е инсталирано, нема штета, се работи, нема никаква штета на буџетот“, посочува Рашковски на брифинг со новинарите.

Тој во неколку наврати посочи дека не бара да му се верува на збор бидејќи за сѐ има докази, со кои ќе докаже дека не е виновен.

„По завршување на доказната постапка од Обвинителството, ќе го потврдиме тоа. Потоа ќе одиме со афирмативен пристап, со докази и сведоци од наша страна, со цел не да издвојуваме победа, туку да дојдеме до еден прогрес. Прогрес, кој ќе значи не само борба за правда, туку прогрес, кој ќе значи еден нов начин на презентирање и водење доказна постапка од обвинети лица и да завршиме со круната – фактичко презентирање на она што е набавено“, изјави Рашковски.

Ексгенералниот секретар, кому му се суди за нелегална јавна набавка и незаконско делење хонорари, посочува: „Она што во ваков случај е светиња – тоа е материјалниот доказ. Компромис со вистината нема кога станува збор за материјални докази“.

Тој имаше три пораки до јавноста.

„Неточна е тезата дека за предметната јавна набавка за софтвер, не постои одлука за набавка. Тоа е одлука донесена во законска процедура, донесена од надлежен орган и е единствениот документ врз кој вие може да спроведете јавна набавка. Сѐ друго донесено надвор од оваа процедура е прекршување на Законот за јавните набавки. Одлуката е донесена од Генералниот секретаријат, односно јас како генерален секретар. На судското рочиште оваа теза ќе ја докажеме“, рече Рашковски.

По ова, додаде: „Втората неточна теза на Обвинителството, кое успешно ја пласира, а тоа е дека софтверот е набавен за потребите на МВР, а гледате дека е за потребите на Владата. Тезата е извртена бидејќи единствена точка на која може да се вадат на моментот е пласирање дезинформации. Постои одлука според која софтверот е набавен. Одлуката е направена од единствениот што тоа можел да го направи“.

Ја објасни и третата теза за која рече: „Се пласира е дека не постои техничко исправен предаден софтвер. Таа теза повторно се наметнува, според мене, од некои мотиви, сѐ со цел во недостиг на аргументи да се дојде до оцрнување, да се дојде до пласирање дезинформации, правење некое јавно мислење дека тоа што е набавено е нефункционално. Таа теза е од сведочење на лице што во предметот е вешто лице, меѓутоа може да се обратите и до Владата, односно ќе видите и на самото рочиште презентирање на функционалностите на системот, дека е инсталиран на сервери од „Телеком“, и тоа многу порано од крајниот рок. Пак ќе кажам, не барам да ми верувате на збор“.

Рашковски најави и кривични пријави за ИТ-вештакот Мане Пиперески, кој рече дека софтверот не можел ниту да се вклучи, но и за вештакот Билјана Киселчки, која го работеше материјално-финансиското вештачење бидејќи, како што рече: „.. анализирала, а немала комплетна документација, пишувала претпоставки“.

Тестирање на софтверот ќе бара да се врши јавно.

„Дека сѐ е реализирано во согласност со законот, доказ е записникот за технички прием. Во него е наведено што се предава, кои се функционалностите и дека заедно со предавање на самиот софтвер се предава и изворниот код. Тоа е важен момент бидејќи изворниот код е развојна компонента на другите што ќе продолжат да го надградуваат. Затоа што знаете дека ако го немате изворниот код, ќе добиете нешто што не можете да го менувате. Оттука е нејасно и за нас како одбрана и тврдењето на Обвинителството дека не постои одлука за набавка на софтверот, дека не постои технички прием на софтвер, односно технички исправно софтверско решение. Третиот доказ што ви го давам е листата на докази од Обвинителството. Самото Обвинителство ги предава, тие што велат дека не постојат. Јас ќе ви ги доставам. Еве ги листата на докази, уверете се сами. Имате можност за комуникација со другата страна, односно Обвинителството, за да ги прашате дали ги предложиле овие докази од нивна страна. Дали постои одлука и дали е доставена, дали постои записник за примопредавање. И да прашате дали ние имаме предложено реконструкција на самиот случај“, изјави Рашковски.

Ексгенералниот секретар најави дека ќе бара од судот Владата да ја донесе целата набавена опрема во судницата за да се види дека постои. За Муахмед Зеќири, кој е наследник на функцијата генерален секретар по Рашковски, обвинетиот вели дека има доказ со кој може да се констатира дека е утврдено примопревање на софтверите.

„Мојот наследник вели не знаел, иако тоа се основни средства (софтверот, камерите, кабините) со кои треба да располага. Со сведокот од ИТ се утврди дека софтверот е инсталиран и постои во системот на Владата. Треба секој да се запознае со тоа што е основно средство. Четвртата точка е допис од наша страна како доказ бидејќи Обвинителството го има добиено, но го нема предложено во доказите. Тоа е дописот под арх. 45-3576/11, кој доказ, поради постапката, можам само наративно да ви го кажам дека со потврда од Мухамед Зеќири се вели дека примопредавање е извршено на софтверите и дека се инсталирани на сервери сопственост на Владата на РСМ. За да се утврди дали постојат софтверите, имало вонреден попис и утврдено е дека целокупната набавена опрема постои во Владата. Не само што ќе докажеме туку ќе бараме и од судот да наложи Владата да ја донесе опремата во судницата. Дека за сето ова не е предавање апстрактни вредности, апстрактни набавки, туку дека станува збор за нешто што е врв во технологијата, а кое уште кај нас не е стасано. Србија пред два месеца и два дена пушти ваков систем, кој е далеку далеку комплетно поинакво ниво на квалитет од она што ние го имаме како држава во сопственост“, додаде Рашковски.

Прашан како неговата сопруга Вероника Рашковска возела автомобил на фирма од која компаниите добитници на тендерите ги набавувале продуктите, тој рече дека нема ништо спорно.

„Компанијата што е наведена (ГБЦ) не е договорен одговор некаде, ниту некој од Владата има добивано средства. Затоа да не брзаме со оваа теза. Првично тезата дека некој возел некакво возило од 80 илјади евра не е точна. Фирмата, според нивното вештачење, со средствата што ги добивала не можела да купи возило. Возењето, пак ќе кажам, кој било од нас може да земе нечие возило. Тоа не е недозволено“, додаде Рашковски.

Тој додаде дека софтверот го набавил по претходна анализа.

„Секаде во светот кога почнувате да правите јавна набавка, правите анализа. Направена е анализа за да се утврди каде ние како држава сме моментно во однос на сообраќајните прекршоци. Како држава ние сме на дното во рамките на Зимбабве и Гана по бројот на луѓе што загинуваат во сообраќајни несреќи. Има студија во светски рамки за тоа како вакви софтвери придонесуваат. И вели дека бројот на починати лица со софтвер кој е далеку од ова што ние го имаме направено се намалува 50 отсто. Во просек 160 луѓе гинат во државата во сообраќајни несреќи. 50 отсто од 160 знаете што значи. Кажете дали не вреди… Софтверот треба да детектира вистински извршители на сообраќајни прекршоци наспроти евендитираните. Од анализите софтверот е неколкупати пуштен да прави анализи. На ‘Партизанска’ беше во октомври, регистрирани се 240 возила, од нив 120 направиле прекршоци“, додаде тој.

Македонија

Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони

Објавено пред

Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

Објавено пред

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.

dobivaj vesti na viber

„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија

Објавено пред

„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.

Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.

Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија5 часа

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...

Европа5 часа

(Видео) Зеленски: Искористете ги руските средства за одбрана, не плашете се од закани

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по денешната прес-конференција во Брисел, се огласи на социјалните мрежи за дополнително да го разјасни својот...

Свет6 часа

(Видео) Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје од сириско потекло, стана национален херој по неговата храбра интервенција за време на масакрот...

Македонија7 часа

МОН: Младите во Македонија ја менуваат перцепцијата за тутунот, неговата употреба се намалува, но се зголемува на електронските цигари

„Во образовниот систем во Македонија одамна е поставен механизам за превенција од употреба на психоактивни супстанци, но тој мора да...

Македонија7 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса – работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари...

Македонија7 часа

Недостасуваат 204 судии, Филков најави кадровско зајакнување во 2026 година

Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, на амбасадите во земјава, судии, јавни обвинители, адвокати, Советот на ИКТ,...

Македонија11 часа

(Видео) Петрушевски: Обвинителството треба да истражи каде завршиле речиси 1 милион евра од „Државната лотарија“

Криминалите во Лотарија под раководство на Бајрами и неговиот гуру Груби, а дозволено од страна на СДС се потврди и...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека во Брисел ќе бара поддршка за одбрана на демократијата во Македонија по изгласаната...

Македонија12 часа

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, не сакаме огномет за Нова година: „Зелен хуман град“ со апел до скопските градоначалници

Активисти на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ со апел до сите скопски градоначалници да се откажат од огномет за Нова...

Македонија12 часа

Обвинение за директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје поради преполните контејнери во главниот град

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители...

Македонија13 часа

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија13 часа

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион14 часа

Фон дер Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, првпат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...

Свет14 часа

Трамп го критикува Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет15 часа

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион15 часа

Шефот на Европскиот совет: Западен Балкан избира да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија1 ден

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...