Спорт
Милан склучи партнерство со Њујорк јенкис

Во нов обид да се прошират на американскиот пазар, Милан склучи нова соработка со славниот бејзбол-тим, Њујорк јенкис.
„Росонерите“ беа купени за 1,2 милијарда евра од Џери Кардинале и американската Групација Редбрд оваа година по што почнаа со склучување договори со американски компании, како „Ворнер брос“, за промоција на новиот филм на Двејн (Рок) Џонсон, кој им прати посебна порака на навивачите на Милан.
Со соработката со Јенкис, дресови и опрема на американскиот клуб ќе бидат достапни во фан-шоповите на Милан, а опремата на Милан веќе е достапна да се купи на стадионот „Јенки“ во Њујорк.
Според неодамнешната анкета на „Југов“, Милан е најпопуларниот фудбалски бренд од Италија во САД, со фантастични 24 милиони симпатизери.
#ACMilan and the @Yankees join hands in a groundbreaking collaboration between two of the most iconic sports brands in the world ➡️ https://t.co/SyewKNE2CM ????
#SempreMilan pic.twitter.com/lnQtQFqRGB— AC Milan (@acmilan) October 13, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“