Спорт
Барса го доби драматичното евролигашко „Ел класико“, Болоња со прва победа по 15 години!

Пред најголемата фудбалска клупска пресметка на светот, неделното „Ел Класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона, двата лути ривали имаа и пресметка во кошаркарската Евролига, каде што овојпат славата остана кај Каталонците, со тесна 75:73 победа.
Каталонскиот клуб беше на пат до убедлива победа, но успеаја да пропуштат предност од 17 поени во последната четвртина, за на крајот да се соземат и да стигнат до победа. На седум минути пред крајот, Барса имаше 69:62 предност, кога за домаќините почна „колапсот“. Габриел Дек, кој имаше 13 поени, беше фантастичен за да ги донесе „кралевите“ на достижни 75:73 на 15 секунди пред крајот.
Во вториот домашен меч во сезоната 2022/23, Виртус Болоња, пак, стигна до 66:63 победа во „Паладоца арената“, што претставува прва победа во Евролигата за италијанскиот клуб по пауза од 15 години. Ифе Лундберг имаше 13 поени и беше лидер во тимот на Серџо Скариоло, додека Џордан Мики имаше 6 поени и 10 скока во меч со малку поени и многу неизвесност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“