Спорт
Мектоминеј му го расипа совршениот меч на неверојатниот втор голман на Омонија

Кипарскиот клуб Омонија Никозија беше на чекор го направи најголемото изненадување во четвртото коло на Лига Европа, откако предводени од својот втор голман 23-годишниот Нигериец Френсис Узохо го исфрустрираа Манчестер јунајтед во 90 минути, пред замената Скот Мектоминеј во 91. минута да ги донесе трите поени за „ѓаволите“.
„Ѓаволите“ имаа речиси 70 отсто од поседот на топката, над 30 удари на голот, но Узохо беше во неверојатна форма, сопирајќи ги сите обиди кон неговиот гол. Но, во финишот на мечот, по еден корнер, Мектиминеј се снајде најдобро и го совлада несреќниот голман на кипарскиот тим. Реал Сосиедад остануваат лидери во групата со рутинската 3:0 победа над Шериф Тираспол.
Најнеизвесно ќе биде во групата Ф, каде пред последните две кола, четирите клуба имаат по 5 поени. Откако Феенорд одигра 2:2 со Митјиланд, Лацио не издржа со 10 играчи и мораше да се задоволи со 2:2 реми со австрискиот Штурм Грац. Чиро Имобиле ги донесе Лацио во водство со гол од пенал во финишот на првото полувреме, но веднаш потоа Лацари доби црвен картон. Вилијам Бовинг израмни за Штурм во 56. минута, но Педро во 71. најави победа за домаќините, пред Бовинг во 83. минута да ги постави конечните 2:2.
ЛИГА ЕВРОПА, 4.КОЛО
ГРУПА А
ПСВ Ајндховен – Цирих 5:0
ГРУПА Ц
Лудогорец – ХЈК Хелсинки 2:0
ГРУПА Д
Унион – Малме 1:0
ГРУПА Е
Манчестер јунајтед – Омонија 1:0
Реал Сосиедад – Шериф Тираспол 3:0
ГРУПА Ф
Лацио – Штурм 2:1
ГРУПА Х
Ференцварош – Црвена звезда 2:1
Трабзонспор – Монако 4:0
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 4.КОЛО
ГРУПА Б
ФЦСБ – Силкеборг 0:5
Вест хем – Андерлехт 2:1
ГРУПА Ц
Хапоел Бер Шева – Лех Познањ 1:1
ГРУПА Д
Ница – Словацко 1:2
ГРУПА Е
Вадуц – Днипро-1 1:2
ГРУПА Ф
Шамрок роверс – Молде 0:2
ГРУПА Г
Балкани – Сиваспор 1:2
ГРУПА Х
Жалгирис – Пјуник 2:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“