Македонија
Општина Аеродром: Започна реализацијата на Clean AirDrom, инвестираме во иновативен модел за управување со отпад
Во општина Аеродром почнува реализацијата на проектот Clean AirDrom кој се спроведува во рамки на програмата „ЕУ за општините“.
Целта на проектот е да придонесе за зголемена одржливост на урбаното живеење во општина Аеродром преку воведување иновативен модел за управување со отпад, при што низ целиот процесот на селектирање и правилно одложување на отпадот, главната улога ја имаат граѓаните.
Фокусот на Clean Airdrom е насочен кон значително намалување на комуналниот отпад, воспоставување на функционален систем за селекција на отпад во општина Аеродром и поддршка во транзицијата кон циркуларна економија. Овој проект е од огромно значење за општината и државата, бидејќи не само што придонесува до почиста и здрава околина, туку и претставува мост до Европската Унија. Преку овој модел на зајакнување на капацитетите на општините за справување со големите количини отпад, како и едукација на граѓаните за важноста од селектирање и рециклирање, директно придонесуваме во насока на исполнување на критериумите од поглавјата поврзани со еколошки прашања и животната средина, посочуваат од општината.
Проектот е финансиран од Европската Унија, кофинансиран од Швајцарската агенција за поддршка и развој преку Министерството за локална самоуправа, а Општина Аеродром ја предводи ефективната имплементација на проектот, во партнерство со Центарот за поддршка на бизнис – Омниум ДООЕЛ Скопје и Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина – Гоу грин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

