Македонија
Општина Аеродром: Обвинувањата на Стевче Јакимовски се груба лага и невистина
Советот на Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски имаат одлична соработка, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има апсолутно мнозинство, така што голем дел од одлуките се носат консензуално, со вклучување на сите партии кои се дел од советот, се истакнува во реакцијата на Општина Аеродром по прес-конференцијата на Стевчо Јакимовски на која тој рече дека неговите советници ќе продолжат да ги поддржуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Оттаму, обвинувањата што Стевче Јакимовски денеска ги изнесе на прес-конференција за наводно посредување за вработување од страна на градоначалникот Муцунски за советник на ГРОМ се груба лага и невистина. За да се изнесе вакво тенденциозно тврдење пред македонската јавност, Јакимовски треба да располага со конкретен доказ со што би се докажало евентуалното влијание на градоначалникот Муцунски.
Доколку Јакимовски поседува доказ за такво нешто, го повикуваме јавно да го приложи, а доколку го нема, само докажува дека неговата политичка култура е на најниско ниво. Како политичар и народен избраник за неговата позиција, тој треба да се занимава со прашања за кои е избран, а не да се служи со политиканство, измами и лаги.
И покрај тоа што изнесува лаги и манипулации за градоначалникот на Општина Аеродром, Муцунски на Стевчо Јакимовски му посакува добро здравје и работа насочена кон граѓаните на Карпош. Впрочем, тој беше избран од граѓаните на Аеродром и во неговата кампања пред нив чесно вети дека ќе работи во служба на народот и ќе ја промени негативната перцепција за македонската политика, бидејќи граѓаните сакаат подобар живот, резултите и проекти“, се посочува во реакцијата од Општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

