Македонија
МНР ќе испрати протестна нота до Бугарија за говор на омраза на европратеникот Џамбаски

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе испрати протестна нота до Бугарија поради говорот на омраза и навредите на европратеникот Ангел Џамбаски изречени кон македонскиот народ и премиерот Димитар Ковачевски.
„Говорот на европратеникот од Бугарија, Ангел Џамбаски, е говор на омраза и тоа е причина да реагираме како министерство. Досега се обидувавме да го игнорираме бидејќи целта му беше да ги искористи тие реакции. Овој пат ги надмина сите граници со провокациите. Тука мора да реагира и бугарската држава затоа што тука се спомнаа територијални претензии и имаше говор на омраза и навреди кон еден народ во една држава. Би сакал ова ново поглавје во односите со Бугарија да го искористи бугарската заедница да се промовира. Провокација на други народи со имиња што не се соодветни не им помага на односите“, истакна Османи.
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во видеообраќање му порача на Ковачевски дека не е важно што тој не го знае затоа што тој и неговите сопартијци од ВМРО знаеле кој е тој и од какво семејство потекнува премиерот.
„Ако добро се сеќавам, Ковачевски ги носеше кафињата додека траеја средбите на бившите премиери Бојко Борисов и Зоран Заев. Носеше папки, работеше некои бирократски работи, нешто како машка секретарка. Тоа е задачата на сите исполнувачи на задачи и туѓа волја. Тој е само фасада, тој ја исполнува волјата на Белград и на Кремљ. Димитар Ковачевски тврди дека македонизмот бил изворен, но тој е антибугарска, нацистичка, фашистичка и болшевичка идологија, кој има задача да ја искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија. Тоа е фалш идентитет, кој е антибугарски“, рече Џамбаски.
Џамбаски му порача на македонскиот премиер дека нашата Влада не решава ништо во врска со ЕУ, туку за тоа кои сме и што сме решаваат Бугарите.
„Ние Бугарите сме дел од Европската Унија, а вие србоманите не сте. Ние Бугарите сме од оние што решаваат каде сте вие. Кои сте вие, решаваме ние, не вие Димитар или Белград. Вие не решавате ништо. Вакви какви што сте, ќе може да направите сојуз со Северна Кореја“.
Орце Костов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Таравари од човек со став, стана потрчко на Ахмети, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ и нивните сателити реагираа. А и како не би врескале, кога Таравари конечно го положи испитот на максимална послушност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од АА на Таравари сега слушаме апсурдна логика: ако ВМРО-ДПМНЕ ги критикува, значи се на вистинскиот пат. Не, не сте!
Вие сте на патот на ДУИ. А тоа значи: пат на корупција, клиентелизам и лични договори зад грбот на народот. Кога ДУИ ќе ви аплаудира, кога нивните портали ќе ве бранат, кога поранешни противници ќе ве фалат, знаете дека сте направиле нешто многу погрешно“.
Во соопштението од владејачката партија велат дека Арбен Таравари не е нападнат затоа што некој се плаши од него. Напротив, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, жално е да се гледа како еден лекар, некогаш со кредибилитет, сега мора да се правда преку соопштенија на ДУИ и да се радува кога тие го „тапкаат“ по рамото.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека партијата е „нападната затоа што е пречка за криминалот на ДУИ и нивните нови соработници.
И тоа е вистинската причина за нервозата. А Таравари, колку и да се труди, нема да може да ја избрише вистината: од човек со став, стана човек со валкани домашни задачи. Да потпишува партиски соопштенија напишани во Мала Речица.
Дали е на „вистинскиот пат“, најдобро покажуваат анкетите. Од 2,7% поддршка, падна на 1%, а според некои и под 1%. Ако тоа значи да си на вистинскиот пат, да станеш потрчко на Ахмети, и да ти се сруши рејтингот тројно, тогаш навистина „добар пат“ има фатено.
На добар пат е Таравари да ја доживее целосната НДП-изација и ДПА-изација на својата структура. Да се сведе на 3–4 илјади клиентелисти што ќе чекаат Ахмети да им додели некоја функција или тендерче, со некоја идна влада на СДС, ако некогаш таква се случи. Таков е нивниот „пат“, таква им е стратегијата – и тоа е нивно право“.
Наше право и обврска како ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата на Мицкоски, е да внимаваме во иднина, во која било идна коалиција, никогаш да нема Таравари или некој сличен по „интегритет“.
Му порачуваат на Таравари да си ги обнови релациите со Филипче и со Заев и нека остане, како што велат, во друштво во кое најдобро се пронаоѓа.
„Ахмети ќе му најде место. А народот, ќе си пресуди. Како што знае“.
Македонија
Пороен дожд, град, ветер и грмежи попладнево во делови од Скопскиот, Кумановскиот и Кривопаланечкиот регион

Од пладневните часови во северните делови (Скопскиот, Кумановскиот и Кривопаланечкиот регион) имаше локален развој на нестабилна облачност проследена со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР.
„Во овие попладневни часови нестабилно е во западниот дел од Скопската Котлина со пороен дожд и појава на град, во околината на Крива Паланка, Штип и Пробиштип, а силна нестабилна облачна маса се приближува кон Велес проследена со интензивни поројни врнежи од дожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Времето до крајот на денто: променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град“.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.