Регион
Две лица загинаа во несреќа со балон на Кападокија, има и повредени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/turska-1-830x0.jpg)
Две лица загинаа, а три се повредени во несреќа со балон на топол воздух во Кападокија, Турција, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер.
„ При спуштањето на балонот, во кој се превезувале 28 патници и двајца членови на екипажот, животот го загубиле двајца шпански државјани, додека тројца шпански државјани се повредени“ – се наведува во соопштението.
Се додава дека лекувањето на повредените продолжило во локалните болници и дека нивните животи не се во опасност, пренесува „Ројтерс“.
Според нив, несреќата била предизвикана од неочекувано зголемување на силата на ветерот при слетувањето.
Летањето со балон со топол воздух е една од најпопуларните атракции во регионот на Кападокија, над долините и вулканските формации познати како „самовилски оџаци“, потсетува британската агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Тинејџер се качил на вагон во Белград, го удрила струја и добил тешки изгореници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/voz-struja.jpg)
Момче (15) е тешко повредено откако на железничка станица во Белград го удрило струен удар.
„Телеграф“ јавува дека момчето се качило на возот за да се фотографира.
Со него имало уште двајца 15-годишници кои биле сведоци на несреќата, но како што пишува „Телеграф“, тие не се качиле на вагоните.
Тинејџерот е во многу тешка состојба, се здобил со тешки изгореници по целото тело. Итно бил пренесен во болница и е на респиратор.
Регион
Уште еден силен земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Санторини, драмата продолжува: се тресеше и во текот на ноќта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-105241.jpg)
Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина.
Најсилниот земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала беше утринава во 3.14 часот на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“.
Потоа следуваа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1 степени, кои беа регистрирани во периодот од 3.35 до 4.23 часот.
Во 6.21 часот е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степени на 230 километри југоисточно од Атина.
Оваа серија земјотреси е дел од тековната сеизмичка активност, која почна на почетокот на февруари.
Од 1 февруари повеќе од 1.100 земјотреси се регистрирани во регионот на Кикладите, од кои најсилниот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Поради континуираната сеизмичка активност, училиштата на Санторини, Анафи, Аморгос и Јос се повторно затворени оваа недела.
Научниците продолжуваат да предупредуваат дека сеизмичката активност може да продолжи со месеци и дека не ја исклучуваат можноста за голем земјотрес, како и помали вулкански ерупции во областите Неа Камени или Колумба.
Регион
(Фото) Камбанаријата на Паг се помести од земјотресот во Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-071752.jpg)
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди поширокото задарско подрачје, а според досегашните информации, нема пријавени повредени или значителна материјална штета, извести Управата за цивилна заштита.
Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска го регистрираа земјотресот во 18.43 часот, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Интензитетот на земјотресот во епицентарот бил VI степени според ЕМС скалата, а земјотресот бил почувствуван во поширокото подрачје на Далмација, Лика, па дури и во делови од Босна и Херцеговина.
Според информациите на директорот на Националниот парк Пакленица, епицентарот на земјотресот бил лоциран високо над планинарскиот дом „Пакленица“, на надморска височина од 1.600 метри, објавија хрватските медиуми.
Камбанаријата на Паг се помести поради земјотресот. Поради опасност од паѓање делови од камбанаријата, просторот е ограден. Утрово се очекува детален увид на камбанаријата, како и дополнителни безбедносни мерки. Ден претходно на Паг се случи земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала.