Спорт
Шампионите лесно со Лејкерси, Бостон ја победи Филаделфија

Со два меча изминатата ноќ, започна новата сезона во НБА, најсилната кошаркарска лига во светот. Во двата натпревара славеа домаќините. Актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс ги совлада Лос Анџелес Лејкерс со 123:109, додека Бостон победи против Филаделфија 126:117.
Вориорс без мака славеа против Лејкерси. По церемонијата на која им беа доделени шампионските прстени, домашните поведоа од самиот старт и постојано го зголемуваа водството. По првиот дел имаа три, а на полувремето плус од седум поени.
Натпреварот беше решен во третата четвртина кога Вориорс значително го зголемија темпото и во еден момент отидоа на огромни плус 27 (91:64). После тоа мирно го приведоа натпреварот до крај.
Најдобар во победничкиот тим беше Стеф Кари со 33 поени, шест скока и седум асистенции. Вигинс постигна 20, а Клеј Томпсон 18 поени. На терен неколку дена пред почетокот на првенството беа и учесниците во конфликтот. Џордан Пул имаше 12, а Дрејмонд Грин, кој го нокаутира младиот бекр, имаше четири поени и по пет скока и асистенции.
Во редовите на Лејкерси Леброн Џејмс застана на 33 поени, 14 скока и шест асистенции, додека Ентони Дејвис постигна 27 поени.
Поинтересно беше во Бостон, каде неизвесен натпревар одиграа Селтикси и Севентисиксерси.
Селтикс се одлепија од противниците во последната четвртина кога Селтикси созадода предност од 10 поени и не му дадоа шанса на противникот да се врати.
Џејлен Браун и Џејсон Тејтум ги предводеа Селтикси со по 35 поени, а двоцифрени беа уште Брогдон, Вилијамс и Смарт. Кај гостите Џејмс Харден исто така постигна 35 поени со осум скока и седум асистенции, а Џоел Ембиид натпреварот го заврши со 26 поени и 15 скока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нема билети за вечерашниот ракометен меч меѓу Македонија и Литванија

Билетите за вечерашниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ се распродадени. Во пресрет на натпреварот селекторот на Македонија го објави тимот за последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026 Ќе играат истите играчи кои Талин ја победија Естонија. Голман е биде Мартин Томовски.
Натпреварот почнува во 18 часот.
Спорт
(Видео) Хамбург слави – ХСВ се врати во Бундеслига

Хамбург го слави враќањето на ХСВ во најсилната лига на германскиот фудбал. Седум години по елиминацијата славниот клуб повторно е дел од елитата во која се внедри во голем стил – победа од 6:1 против Улм пред околу 60.000 луѓе на “Фолксарк” стадион.
Тимот од најголемото германско пристаниште остана на прво место, но не го обезбеди. Тоа ќе може да го направи во последното коло против Гројтер Фирт.
Близу до пласман во највисокиот ранг е и Келн, кому му е потребен бод во последните деветдесет минути фудбал за математички да ја обезбеди таа цел.
Десетина илјади навивачи извршија инвазија на теренот во Хамбург откако судијата свирна крај на мечот со Улм.
Спорт
Александар Сорлот даде три гола за 3 минути и 57 секунди и испиша историја на шпанскиот фудбал

Александар Сорлот, напаѓач на Атлетико Мадрид, испиша историја на шпанскиот фудбал. Сорлот постигна четири гола во првите 30 минути од мечот помеѓу Атлетико и Реал Сосиедад.
Првиот гол го постигна во седмата, вториот во десетата, а третиот во 11. минута, со што веќе ги испиша првите страници на историјата на овој натпревар, бидејќи постигна најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига.
Три гола за 3 минути и 57 секунди. Оние кои мислеа дека тоа ќе му биде доволно на 29-годишниот Норвеѓанец, се излажаа. Сорлот постигна гол и во 30. минута од мечот, правејќи нешто што никој никогаш не го направил, со четири гола во првите половина час фудбал.
Не помина ни година од последниот меч во кој овој играч постигна четири гола – тоа беше на 19. мај против Реал Мадрид минатата сезона, во дресот на Вилјареал.