Црна хроника
Скопјанка ограбена од таксист
Скопјанка била ограбена додека се возела со текси до с.Ајватовци, општина Илинден.
М.С.(61) пријавила дека лицето кое ја превезувало со возилото ѝ одзело два паричници со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип
Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во лифт во угостителски објект во Штип.
Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.
Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.
Црна хроника
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
Вчера во 18.30 часот во полициската станица Валандово било пријавено дека во својот дом во градот бил пронајден починат Б.Е.(56), соопшти МВР.
Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Притвор и кривична пријава за убиство доби осомничениот маж од Стајковци
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.К.(66) од скопското село Стајковци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Како што информира денеска МВР, Љ.К. се сомничи дека на 14 мај 2024 во домот во село Стајковци со метален предмет ги нападнал неговиот брат В.К. (64) и неговата снаа С.К. (57), кои од здобиените повреди починале на местото.
Лицето било изведено пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.