Спорт
Лукаку се враќа во тимот на Интер
Белгискиот фудбалер и напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку, се врати на тренинзите. Поради повреда, тој отсуствуваше од терените, од крајот на август.
Лукаку се враќа на тренинзите точно еден месец пред почетокот на Светското првенство во Катар.
Во Интер се надеваат дека Лукаку би можел да биде во тимот веќе на првенствениот натпревар против Фиорентина. Ако не добие шанса за викендот во првенството, клубот верува дека Лукаку сигурно ќе игра во Лигата на шампионите против Викторија Плзен.
Последниот натпревар Лукаку го одигра на 26 август, во кој Интер загуби од Лацио со 1:3.
Лукаку забележа 102 настапи за националниот тим и постигна 68 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Одигра за чиста десетка – Меси го однесе Интер во полуфиналето на Истокот
Лионел Меси (38) со брилијантна партија го однесе Интер Мајами во полифиналната Источна конференција во МЛС.
Мајсторката со Нешвил, Интер ја добија со 4:1. Меси имаше два гола и една асистенција.
Меси го отвори резултатот во десеттата минута со шут од земја од малку повеќе од 16 метри, а од слична ситуација погоди и во 39-тата минута. Во 76-та минута, Тијаго Алмада постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0.
Освен брилијантниот настап што го одведе Интер Мајами во следната фаза од натпреварувањето, Меси беше оценет на Софаскор со чиста 10.
Меси против Нешвил забележа и јубилеј од 400 асистенции во кариерата.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.

