Црна хроника
Петмина македонски државјани криумчареле мигранти
Изминатата недела во три одвоени случаи на криумчарење мигранти, регионалниот центар за границата „Југ“ до надлежното ОЈО поднесе кривични пријави против пет лица: Е.Н. (34) од Велес, Х.А. (29), од село Ваксинце и А.Д.(21) од село Лојане кумановско, Ј.Л. (54) од Велес и Ќ.А. (38) од село Студеничани, скопско, за постоење сомнение дека сториле кривично дело – „криумчарење мигранти“.
Изминатата недела во три одвоени случаи на криумчарење мигранти, регионалниот центар за границата „Југ“ до надлежното ОЈО поднесе кривични пријави против пет лица: Е.Н. (34) од Велес, Х.А. (29), од село Ваксинце и А.Д.(21) од село Лојане кумановско, Ј.Л. (54) од Велес и Ќ.А. (38) од село Студеничани, скопско, за постоење сомнение дека сториле кривично дело – „криумчарење мигранти“.
Истовремено во овие активности откриени се 31 илегален мигрант од кои 18 од Авганистан 11 од Сирија и двајца од Бангладеш. За тројца од пријавените, Е.Н., Х.А. и А.Д. од страна на Судија во претходна постапка им е изречена мерка притвор во траење од по 30 дена, а на Ќ.А. му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.
Имено во првиот случај тројцата пријавени Е.Н., Х.А. и А.Д. на почетокот на месецов односно на 2-ри ноември околу 19,30 часот на регионалниот пат Валандово – Богданци во близина на браната кај село Паљурци прифатиле 20 илегални мигранти (18 од Авганистан и двајца од Бангладеш) коишто потоа ги качиле во ТМВ „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички управувано од првопријавениот кој за превозот требало да добие 1.200 евра, додека второ и третпоријавените со автомобил „шевролет крузе“ исто така со скопски регистарски таблички во својство на претходница или „чистачи“ се движеле пред камионот а во правец кон Куманово.
При полициска контрола во близина на клучка на влез во Радовиш првопријавениот наместо да го сопре камионот продолжил да се движи по спореден земјен пат во правец кон Штип но набргу сопрел излегол од камионот и се дал во бегство но брзо е стигнат, и приведен. додека пак Х.А. и А.Д. се сопрени од полициски службеници кај м.в„ Клучка Ињево“ по што се приведени.
Во вториот случај пријавената Ј.Л. исто така на почетокот на месецов, односно на 02 прифатила шест лица од Сирија меѓу кои и лице кое наводно го познавала од Грција каде што заедно работеле во оранжерии и ги сместила во хотел во Велес (во три двокреветни соби) гарантирајќи за нив дека не се илегални мигранти и доставувајќи своја патна исправа за нивно пријавување во хотелот.
И во третиот случај Ќ.А.. во близина на Гевгелија прифатил петмина сириски илегални мигранти со намера да ги донесе до Куманово и тоа со возило „Волксваген Голф 4” со странски регистарски ознаки. Но набргу по превземањето на мигрантите УПС од ПС за БПСА Демир Капија и УПС од ПС за ГН Михајлово на автопатот во правец Гевгелија-Скопје кај Неготино се обиделе да го сопрат возилото кое наместо да застане на дадениот знак „стоп” продолжило да се движи.
Меѓутоа после неколку метри сите лица од возилото излегле од него и почнале да бегаат а возилото некотролирано почнало да се враќа наназад при што било сопрено од полициски службеник пред да предизвика сообраќајна несреќа. Набргу фатени се сите лица од возилото (петте сириски и македонскиот државјанин Ќ.А.)./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Државјанин на Турција нападнат на Бит Пазар, му било оштетено и возилото
Полицијата во Скопје постапува по пријава на државјанин на Турција со престој во главниот град, кој пријавил дека бил пресретнат и физички нападнат на подрачјето на Бит Пазар.
Како што соопшти СВР Скопје, според пријавеното, на 5 јануари околу 17:50 часот, бил пресретнат од лице со иницијали В.Ф. и уште едно лице, по што В.Ф. почнал да удира по неговото возило.
Според пријавата, подоцна повторно бил пресретнат од В.Ф. и уште едно лице, кои физички го нападнале и му го оштетиле возилото.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец ја нападнал партнерката во возило во центарот на градот
Полицијата во Скопје го приведе 36-годишниот Д.Л. од овој град, по пријава за физички напад врз неговата партнерка.
Како што соопшти МВР, вчера околу 13:30 часот, мажот бил приведен по пријава дека на 4 јануари 2025 година, додека се движеле со неговото патничко возило на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
На автопатот кај Гостивар: Платиле гориво со сомнителни 50 евра, па биле приведени
Двајца мажи биле приведени поради сомнеж за фалсификување на пари, откако на бензинска пумпа кај селото Жеровјане платиле со банкнота за која имало сомнеж дека е лажна.
Се работи за С.С. (31) од Гостивар и Ч.Ј.Б. (24) од Турција кои биле уапсени вчера на автопатот Гостивар–Тетово.
Двајцата околу пладне со „цитроен“ дошле пред бензиската пумпа. Ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана.
Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

