Македонија
Јовески на средба со претставници на Европравда

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, денеска прими делегација на Европравда, предводена од потпретседателката на оваа организација, Маргарита Шниутите-Догелине, која престојува во посета на земјата.
Во рамките на посетата претставниците на Европравда пред Јовески го изложија најновиот проект на ЕУ имплементиран од Европравда, кој предвидува поддршка за земјите од Западен Балкан во истражувањето на организираниот криминал. Проектот почна да се применува од септември, ќе трае четири години и со него се опфатени шест земји од Западниот Балкан.
Шниутите-Догелине го запозна Јовески со можностите што ги нуди овој проект, кој во основа е оперативен и опфаќа директна поддршка во постапувањето по конкретни предмети, кои вклучуваат прекугранична соработка меѓу земјите од регионот со формирање заеднички истражни тимови или преку паралелни истраги во неколку разни земји.
Јовески изрази подготвеност Јавното обвинителство на Република Северна Македонија активно да се вклучи во овој проект. „Јавното обвинителство и до сега, но и во иднина, останува во целост отворено за соработка и со Европравда и со другите земји од регионот. За таа цел, ние веќе имаме потпишано и меморандуми за соработка со повеќето земји од регионот, но и пошироко, а овој проект само дополнително ќе ја олесни таа размена на информации меѓу нас и ќе ги забрза постапките“, рече Јовески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
„Уапсени се полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер“: СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ.
„Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.
Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски на лицата кои тие ги поставија за полицајци, командири и началници би требало веднаш да си поднесат оставки.
Одговорност мора да има и за Александар Јанев, директорот на БЈБ. Тошковски и Јанев не смеат повеќе да ја попречуваат истрагата ниту да влијаат некој да не сноси одговорност.
Вистината за Кочани која цела недела ја објавуваше СДСМ е точна. Се покажа дека без силен притисок на јавноста, на дел од медиумите и на СДСМ нема да има правда за Кочани. Време е за одговорност, време е за оставки“, се додава во соопштението на СДСМ.