Македонија
Општина Кисела Вода санира три улици во УЗ Цветан Димов
Продолжува градежната офанзива низ улиците на општина Кисела Вода. Во моментов, градежни активности се одвиваат во урбаната заедница Цветан Димов, каде се врши санација на неколку улици. Нов асфалт ќе добијат “Тоне Томшиќ”, крак на улицата “Мишко Михајловски” и дел од “Дичо Петров”.

Се работи за површина од околу 2300 квадратни метри, која на жителите од овој дел на Кисела Вода ќе им овозможи подобри и побезбедни услови за сообраќај, како и подобра естетика на просторот. Се планира овој градежен зафат да биде готов до крајот на следната недела.

Паралелно, обнова на асфалтот се врши и во урбаната заедница Кисела Вода, каде се интервенира на дел од улицата “Димо Хаџи Димов” и на улицата “Марко Орешковиќ”.
Како што во повеќе наврати истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, обновата на патната инфраструктура која во голема мера го условува и економскиот развој на општината, ќе ги опфати сите месни и урбани заедници, со цел равојот на Кисела Вода да биде рамномерен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

