Црна хроника
Пронајден починат 32-годишен маж од Скопје
Во објект на ул.„Лука Геров“ на подрачје на Ѓорче Петров вчера бил пронајден починат 32-годишен скопјанец.
Според информациите од МВР, се работи за Б.Ј. Од лекар од итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од Полициска станица Ѓорче Петров, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазена жена од Куманово, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера, во 12.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од улицата „Пелинска“ и улицата „Ленинова“ во Куманово, патничко возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од 42-годишниот И.В., удрило во пешакот, 75-годишната Р.М., двајцата од Куманово, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.М. констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Излажале дека се полицајци и измамиле жена за 100 илјади денари, двајца уапсени во Куманово
На 02.06.2024 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.Ф.(52) од Куманово, додека на 03.06.2024 на Граничен премин Табановце бил задржан С.Ш.(57) од Штип, извести МВР.
„Тие се сомничат дека на 01.06.2024 измамиле 79 – годишна жена од Куманово за сума од 100.000 денари. Тие ѝ се јавиле на телефон и претставувајќи се како вработени во полиција и ги побарале парите за да помогнат нејзината ќерка да не оди во затвор за наводна сообраќајна несреќа во која учествувала, а во која настрадало дете“, соопшти МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Црна хроника
„Голф“ излета од локален пат кај селото Оризаре, тешко повредена жена
Вчера во 15.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат село Опае-село Оризаре, липковско, на место викано „Розафа“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Р.С. од село Оризари, излетало надвор од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Р.С.(43) од с.Оризари констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.