Спорт
Хамилтон со одговор на критиките од стариот ривал Алонсо

Иако изгледаше дека последните неколку години Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо се „смирија“ и ги ставија несогласувањата од неславната заедничка сезона во Мекларен, очигледно уште постои нетрпеливост меѓу двајцата.
Алонсо во интервју за холандскиот „Де телеграф“ пред Мексиканското ГП изјави дека титулите на Макс Ферстапен биле „позначајни“ бидејќи имал потешка конкуренција, додека Хамилтон до своите титули пристигнал со тоа што го победил својот клупски колега.
„Поинаку е кога ќе освоиш седум, а треба да се бориш само со клупскиот колега, додека другите ривали имаат послаба машинерија. Затоа мислам дека дури и да имаш помалку титули, но против возачи кои имаат еднакви, дури и подобри болиди. Михаел Шумахер се бореше со своите колеги за да стане шампион пет пати по ред, а Хамилтон се бореше со Розберг и Ботас. Тоа е поинаку“, изјави Алонсо.
Откако ова беше протолкувано како став дека титулите на Хамилтон (и Шумахер) се помалку вредни од неговите или од тие на Ферстапен, Хамилтон одговори преку социјалните мрежи со фотографија на која Хамилтон е на првото место, а Алонсо покрај него од сезоната во Мекларен.
Алонсо пак, се јави на Твитер.
„Ве молам, сите титули се фантастични, заслужени и инспиративни. Не е можно да се споредуваат меѓу себе и да уживаме во шампионите и легендите на нашето време. Ме заморува постојаното барање на наслови“, напиша Алонсо.
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) October 30, 2022
And again…
Please, all the titles are amazing, well deserved and inspiring. Incomparable to each other and let’s enjoy champions and legends of our current time. Tired of the continuous search for headlines . Let's enjoy them 💪.— Fernando Alonso (@alo_oficial) October 29, 2022
Алонсо делел кеш на механичарите на Мекларен за да ги придобие во битката со Хамилтон
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона засекогаш му ја затвори вратата на Нико Вилијамс

Првата ѕвезда на преодниот рок во Шпанија, па и пошироко, Нико Вилијамс, повотрно ја одби Барселона. Крилниот напаѓач го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2035. Откупната клаузула во договорт сега изнесува 95 милиони евра. Откако втор пат ја одби Барселона, Каталонците решија да му ја затворат вратата засекогаш.
За потсетување, медиумиуте тврдеа дека Вилијамс го договорил трансферот во Барселона преку својот менаџер. Дел од медиумите во Шпанија пишуваат дека се премислил бидејќи Барселона не можела да гарантира дека ќе биде регистриран.
Поради тоа решил да остане во Билбао, каде го добил најголемиот договор во историјата на клубот.
Барселона дозна, преку официјалната веб-страница на Атлетико, дека Вилијамс ја продолжил соработката со актуелниот клуб.
Фактот што претходно не ги информирал за својата одлука не му се допаднал на Џоан Лапорта. Првиот човек на Барселона, како што дознава каталонскиот „RAC1“, решил засекогаш да му ја затвори вратата на Вилијамс.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Херкул го испрати Ал Хилал дома

Foto/ EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Фудбалерите на Флуминензе први изборија пласман во полуфиналето на клупскиот Мундијал во САД. Бразилскиот клуб во првото четвртфинале, на стадионот во Орландо, го победи Ал Хилал со 2:1 (1:0).
Бразилскиот клуб се пласираше во следната рунда благодарение на головите на Мартинели во 40-та минута и на Херкулес во 70-та минута, додека стрелец за Хилалбио беше Леонардо во 51-та минута од натпреварот.
70' HERCULEEEEEES! 💥
Fluminense’s hero goes for it twice, and puts Fluzão back in front! 🇭🇺🔥 pic.twitter.com/8XzEUUoszR
— DAZN Football (@DAZNFootball) July 4, 2025
Флуминензе во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Челзи и Палмеирас.
Спорт
Петмина побарале да го напуштат Јунајтед, клубот веќе му го одзеде број на Рашфорд

Петмина фудбалери побарале да го напуштат Манчестер јунајтед. Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Антони, Тајлер Маласија и Џејдон Санчо нема да се појавата на првиот собир во пресрет на новата сезона.
Клубот верува дека ова е најдоброто решение додека сите споменати играчи ги истражуваат опциите за трансфер ова лето.
Сепак, вратите на тренинг центарот остануваат отворени за нив – тие ќе можат да користат медицински и рехабилитациски услуги.
Во меѓувреме, потврдено е дека Рашфпрд веќе остана без „десетката“. Бројот 10 на грбот ќе го носи новото засилување, Матеус Куња, за кого беа платени околу 70 милиони евра.
Што се однесува до Гарначо, менаџерот Рубен Аморим му порача да „се моли на Бога“ да најде нов клуб ова лето, откако го налути тренерот со своето однесување во текот на финалето на Лига Европа против Тотенхем.
Наполи ја следи ситуацијата околу аргентинскиот крилен напаѓач, а Челзи и Тотенхем се заинтересирани за него, заедно со уште еден клуб од Премиер лигата.
Санчо требаше да се врати на тренинзите откако Челзи плати околу пет милиони евра за да не мора да го откупи неговиот договор, вреден околу 25 милиони евра. Јувентус е заинтересиран за позајмица, но италијанскиот клуб не може да покрие ниту половина од неговите неделни приходи од 275.000 евра.
Антони успешно ја заврши минатата сезона на позајмица во Реал Бетис, кој сака да го задржи. Но, Бетис ќе мора да преговара за нов договор со Јунајтед, според кој бразилскиот крилен напаѓач би можел повторно да оди на позајмица со обврска да го откупи договорот за околу 35 милиони евра.
Тајлер Маласија исто така требаше да се врати во Манчестер откако ПСВ одлучи да не го откупи неговиот договор за осум милиони евра. Холанѓанецот е свесен дека не е во плановите на менаџерот Аморим.
Foto/ EPA-EFE/DAVID CLIFF