Европа
Ванг до Блинкен: САД треба да престанат да ја потиснуваат Кина

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД треба да престанат со практиката на воздржување и потиснување на Кина и да не создаваат нови пречки во односите меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи во Пекинг.
Ванг оцени дека контролата на извозот наметната од Вашингтон на Пекинг сериозно ги нарушува неговите легитимни права и мора да биде укината, објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Поставен оџак на Систинската капела, објавени се снимки од внатрешноста

Ватикан ја подготви Систинската капела за конклавата на која 133 кардинали ќе го изберат 267-от папа на Католичката црква.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави фотографии и видеа од внатрешноста на капелата, каде што подготовките за конклавата, која започнува на 7 мај, влегуваат во завршна фаза.
Еден ден претходно, пожарникарите поставија оџак на покривот на Систинската капела кој би испуштал црн чад доколку најмалку 89 кардинали не успеат да постигнат договор за нов папа. Белиот чад означува дека кардиналите избрале нов поглавар на Католичката црква.
Европа
Фицо: Им велат на Русите „Па, славете, би можеле да фрлиме дрон врз вас или нешто друго“, ова се неприфатливи работи

Словачкиот премиер Роберт Фицо го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговото предупредување до „странските делегации да не доаѓаат“ на прославите по повод Денот на победата во Русија. Потсетиме, Зеленски во саботата изјави дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на странските претставници кои планираат да присуствуваат на прославите по повод Денот на победата во Москва на 9 мај.
„Ги отфрлам ваквите закани. Целосно го почитувам фактот дека безбедноста на учесниците е внатрешно прашање на Руската Федерација. Но, ако г-дин Зеленски верува дека неговите изјави ќе ги принудат странските делегации да не дојдат, тогаш тој длабоко се лаже“, рече Фицо.
Фицо повика на прекин на огнот по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна на европско тло, додавајќи дека Зеленски треба „да молчи“.
„Големо непочитување е кога некој ќе ѝ каже на земја која даде најголем придонес во победата над фашизмот и претрпе апсолутно најголеми жртви што можат да се замислат: ‘Па, славете, би можеле да фрлиме дрон врз вас или нешто слично’. За мене, ова се неприфатливи работи“, рече Фицо, кој ќе присуствува на прославите по повод Денот на победата.
На 15 април, шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, ги предупреди европските лидери да не присуствуваат на прославите по повод Денот на победата во Москва. Таа истакна дека не сака да види ниту една земја што се стреми да се приклучи кон Европската Унија да учествува во прославите организирани од владата на Путин.
Европа
(Видео) Нападнат лидерот на турската опозиција, се појави снимка

Лидерот на главната опозициска партија во Турција беше нападнат вчера додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул.
Озгур Озел, кој ја предводи Републиканската народна партија, го напуштал Културниот центар „Ататурк“ во центарот на градот кога му се приближил повозрасен маж и го удрил во лицето со отворена дланка, покажаа телевизиските снимки.
#LATEST — Türkiye’s main opposition leader Ozgur Ozel physically attacked pic.twitter.com/VS9K0539HN
— Türkiye Today (@turkiyetodaycom) May 4, 2025
Озел, кој присуствуваше на комеморацијата за Сири Суреја Ондер, прокурдски политичар, не беше повреден во нападот. Осомничениот е приведен, според извештајот на Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул.
Министерството за внатрешни работи подоцна објави дека напаѓачот бил 66-годишен маж кој ги убил своите две деца во 2004 година и бил условно ослободен во 2020 година. Весникот „Џумхуриет“ објави дека во 2004 година тој ги застрелал и избодел синот и ќерката, на возраст од 19 и 17 години.
Инцидентот ги обнови стравувањата за безбедноста на политичарите во Турција. Во 2019 година, претходникот на Озел, Кемал Киличдароглу, како лидер на Републиканската народна партија, беше нападнат додека присуствуваше на погреб на војник.