Спорт
Реал ќе понуди 100, Борусија ќе бара 150 милиони за Белингем
Челниците на Реал Мадрид се подготвени да понудат најмалку 100 милиони евра на крајот од сезоната за фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, пренесува шпанска „Марка“. Шпанските медиуми тврдат дека Борусија за младиот англиски фудбалер ќе бара дури 150 милиони евра.
„Приказната околу Белингем ќе биде слична со онаа на Ерлинг Холанд. Главната разлика е во тоа што Холандија имаше излезна клаузула, додека во договорот на Белингем не постои никаква клаузула. Сличноста е и во тоа што за Англичанецот се заинтересирани Реал и Манчестер Сити, но и Челзи и Ливерпул“, наведуваат новинарите на „Марка“.
Белингем има договор со Борусија до јуни 2025 година. Германски „Билд“ истакнува дека челниците на Борусија се свесни дека ќе мора да го продадат младиот англиски фудбалер на крајот од сезоната. На неговата цена би можело да влијае и Светското првенство кое ќе започне на 20. ноември во Катар. Белингем на Светското првенство ќе игра за Англија.
„Реал е свесен дека нема да биде лесно да го ангажира Белингем, но мадридскиот клуб знае дека за неговиот евентуален ангажман ќе бидат потребни најмалку 100 милиони евра“, заклучува „Марка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

